МакедонијаИванов ќе го одликува унгарскиот премиер Орбан со Орден „8 Септември“Македонскиот претседател Ѓорге Иванов попладнево во вилата „Водно“ ќе го одликува со орден „8 Септември“ премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на Македонија.Орденот „8 Септември“ му се доделува на унгарскиот премиер во знак на благодарност на Унгарија за нејзиниот пријателски однос, за силната поддршка во исполнување на стратешки цели на Република Македонија и за принципиелниот однос кон уставното име. Оваа одлука на претседателот Иванов е чин на изразување благодарност до унгарската држава, унгарскиот народ и до сите претходни унгарски лидери, велат од Кабинетот на претседателот Иванов. Во образложението се наведува дека Унгарија покажала силна поддршка за евроинтеграциите на Република Македонија, за време на нивното претседавање со Европскиот совет, а унгарскиот премиер Виктор Орбан, отворено и во неколку наврати го истакнал својот став дека ја поддржува Македонија за отворање на преговорите со Европската Унија и нивно водење паралелно со разговорите со Грција за спорот за името. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, упати писмо до Советот на Европската Унија и до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон, во кое побара отворање на пристапните преговори со Унијата. На Самитот на НАТО во Чикаго, унгарскиот премиер Орбан побара прием на Република Македонија во Алијансата во најкус можен рок. Претседателот Иванов, претходно, со Орден „8 Септември“ го одликуваше и полскиот претседател Бронислав Коморовски, а најавено е одликување и на претседателот на Чешката Република, Милош Земан. Од трите земји од Вишеградската група, на 25 јули 2005 година, Владата на Република Полска прва донесе одлука за признавање и употреба на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација. Ваквата одлука ја следеа Унгарија на 10 декември 2012 година и Чешката Република на 12 февруари 2013 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook