3СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница
Други спортовиИвана Шпановиќ европска атлетичарка на месецотСрпската атлетичарка Ивана Шпановиќ е избрана за европска атлетичарка за февруари од Европската атлетска асоцијација.Таа со скокот од 6,96 метри го освои златниот медал на Светското атлетско првенство во Бирмингем. Освен шампионската титула, српската атлетичарка претходно во текот на февруари оствари неколку одлични резултати и на натпреварувањата во Белград и Дизелдорф беше прва, додека во Глазгов го освои третото место. За атлетичар на месецот е избран Швајцарецот Жулиен Вандерс , кој се натреварува во трки на долги патеки. Вандерс беше втор на полумаратонот што се одржа на 11 февруари во Барселона./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПедофил од Србија снимал голи деца на плажа во Хрватска- го фатил обезбедувачИстарската полиција заврши кривична истрага против 29-годишен државјанин на Србија, кого го сомничат за кривично дело експлоатација на деца за порнографија.Мажот бил фатен како тајно снима голи деца со мобилен телефон во туристички објект во Истра, по што бил уапсен, објави Индекс. Инцидентот се случил на 25 јуни околу 17:30 часот, кога вработен во компанија за обезбедување го забележал српскиот државјанин како тајно снима деца. Веднаш го привел и ја повикал полицијата. Пронајдена е инкриминирачка содржина За време на кривичната истрага, полицијата ги пронашла контроверзните снимки. Вечерта на 26 јуни, мажот бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра, заедно со кривична пријава. Против него е покрената и постапка согласно одредбите од Законот за странци. Полицијата наведува дека ваквите случаи покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимање деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција и апсење на педофилот. Во исто време, тие апелираат до родителите да ги следат своите деца, да следат каде се и што прават на плажа и да ги облечат во костими за капење. Доколку видат сомнително лице кое снима деца, се повикуваат веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: педофилот србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРенџ Ровер е запален во центарот на СкопјеНа 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на границаДодека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца. Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите. Оваа изолација не е случајна. Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност. Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии. СДСМ уште еднаш повторува: Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook