ЗабаваИван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ ја покажаа својата ќерка: На кого личи малата Нина? (фото)Популарниот актер и пејачката неодамна отпатуваа за Црна Гора со својата ќерка и го посетија манатирот Острог.Иако не е типично јавните личности да објавуваат фотографии од своите деца, изгледа Иван Босиљчиќ не се двоумел многу во врска со тоа. Така, неодамна актерот објави фотографија на својот профил на Инстаграм од неодамнешната посета на манастирот Острог со својата сопруга и со својата ќерка. Фотографијата доби 17.000 „лајкови“ и мноштво коментари според кои се прогнозира дека нивната ќерка Нина се метнала висока на својот татко Иван Босиљчиќ. Не е тајна дека ова хармонично семејство сака слободното време да го минува заедно, па покрај многуте обврски на оваа актерско-пејачка двојка, тие секој момент го користат да се одморат и да отпатуваат, а на тоа несомнено најмногу се радува нивната ќерка Нина. Инаку, сите се согласуваат дека актерот и пејачката се посветени родители за пример кои ги промовираат исклучливо вистинските семејни вредности. View this post on Instagram A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФранција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финалеВечерва од 21 часот со судирот меѓу европскиот првак Шпанија и светскиот вицешампион Франција стартува елитното полуфинале на 23 Светски фудбалски шампионат. До крајот на Мундијалот остануваат четирите средби оние најзначајни, дуелите кои решаваат за освојувачите на медалите. Елитното полуфинале во Далас може да се најави и како дуел меѓу Мбапе и Јамал? или како пресметка меѓу најдобриот напад против најдобрата одбрана на шампионатот. Секако едно е сигурно вечерва светот ќе ужива во сите убавини на најважната споредна работа на светот фудбалот. Полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија носи судир на две сосема различни фудбалски филозофии. Дуел помеѓу две селекции кои се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Французите го сакаат своето трето последователно финале на Светското првенство, додека Шпанците, предводени од Ламин Џамал, имаат можност да го потврдат почетокот на нова златна ера. Додека францускиот селектор Дидие Дешан ја нагласува силата на единството и напаѓачкиот потенцијал на својот тим, шпанскиот стратег Луис де ла Фуенте верува дека најголемите успеси се постигнуваат преку борбеност, многу трчање и упорност. Мундијалската завршница ќе се игра со нова топка наречена „Триода“. 🚨Mbappe certainly doesn’t like the new World Cup ball for the Semi finals pic.twitter.com/QHXZQPCDGO — Kalshi Footy (@KalshiFooty) July 13, 2026 ФИФА го претстави специјално издание на топката „Триода“, која ќе се користи во завршните фази на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката останаа непроменети, новата комбинација на црна и златна боја веднаш му го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на соиграчите, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја разгледа неколку секунди за да ги забележи разликите во однос на верзијата користена во четвртфиналето, а потоа ја постави на теренот за да го испроба чувството при неколку удари кон голот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter