Иван Босиљчиќ гушка друга жена, а тоа не е неговата сопруга Јелена Томашевиќ! (фото) - Канал 5

Иван Босиљчиќ гушка друга жена, а тоа не е неговата сопруга Јелена Томашевиќ! (фото)

Популарниот српски актер предизвикува внимание каде и да се појави, а така беше и овој пат од повеќе причини.

Иван Босиљчиќ гушка друга жена, а тоа не е неговата сопруга Јелена Томашевиќ! (фото)

Деновиве, јавноста ја збуни фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која популарниот актер прегрнува друга дама додека позира пред бројните фоторепортери. Факт е дека оваа госпоѓа е популарната актерка од Југословенскиот драмски театар (ЈДП), Милена Васиќ.

Многумина кои ја следат работата на Босиљчиќ знаат дека тој речиси 2 децении го играше главниот лик во епската претстава „Циганите летаат кон небото“, каде партнерка му беше Васиќ. Имено, нивната љубов, но само во познатиот мјузикл, траеше цели 16 години, поточно до почетокот на 2020 година, кога Васиќ, која ја играше улогата на Рада, беше заменета од младата актерка Миона Марковиќ.

Милена неодамна ја објави фотографијата на која таа е во прегратка на популарен актер, а во описот кратко напишала: „Мојот Зобар“, а на сите душогрижници кои се понадеваа дека помеѓу овие двајца уметници има нешто повеќе од пријателство и долгогодишна соработка, им порача дека грешат. Босиљчиќ како одговор на фотографијата ѝ испрати еден куп прегратки, аплаузи и срца.

Фотографијата на Васиќ и Босиљчиќ доби многу позитивни реакции.

Актерот Иван Босиљчиќ се проби и на рускиот пазар, па деновиве најави дека наскоро ќе почне да се емитува филм во кој тој го игра главниот лик, љубовникот Казанова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер