Невообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“
1Невообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“
3Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеИтни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина за тоа е немањето доволно педијатри. Двајца доктори вршат само амбулантски прегледи од 8 до 20 часот, во работни денови. Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид. Министерството за здравство, односно министрите од овој сектор во неколку наврати ветуваат решение на проблемот, но на дело нема ништо конкретно. Една од најавите на претходниот министер Венко Филипче беше ротација на доктори од Клиниката за детски болести од Скопје, додека актуелниот министер Беким Сали пред повеќе од еден месец најави дека ќе доаѓаат доктори од болницата во Струга. Директорот на Охридската болница Асен Шајн во изјава за МИА посочи дека во координација со ресорното Министерство бараат решение, без прецизен одговор кога охриѓани би имале Детско одделение со хоспитализација и 24 часовни дежурства. – Постојано сме во комуникација со Министерството за здравство за изнаоѓање решение. Двајца доктори се на специјализација, а сега ќе испратиме уште двајца, изјави кусо Шајн. И од Министерството за здравство без прецизни одговори на прашањата на МИА за конкретно решавање на проблемот и од кога охриѓани, но и туристите може да очекуваат нормално функционирање на Детското одделение во Охрид. – За Охридската болница интензивно се бара начин за надминување на предизвикот со педијатри во рамки на законските можности. Министерството е фокусирано на изнаоѓање подолгорочно решение со цел да се обезбеди зајакнување во областа педијатрија за Охридскиот регион. Во таа насока, од Охридската Болница, во моментот на специјализација се 21 доктор, меѓу кои и двајца доктори на специјализација по педијатрија, како и во областите интерна медицина, анестезиологија, гинекологија и другу, информираа од ресорното Министерство. Со новата Програма за специјализација, додаваат, за годинава се предвидени уште две нови специјализации по педијатрија за Охридската болница. Проблемот наметнат од пред 15 години, за нормално функционирање на Детското одделение потребни се најмалку седум години Во моментот педијатриското одделение во Охрид функционира со двајца специјалисти, во прва и втора смена, односно од 8 до 20 часот. Но, за четири-пет месеци, исполнувајќи го законскиот максимум за работа, едниот лекар ќе оди во пензија и ќе остане само еден педијатар. Надлежните укажуваат дека пратени се специјализанти, но никој не го споменува фактот дека специјализацијата по педијатрија трае пет години. Иако во моментот има четворица специјализанти од Охрид, тоа не го исполнува минимумот за да функционира одделението. За тоа се потребни најмалку шест специјалисти. Началникот на Детското одделение во Охрид, доктор Орхан Зекир смета дека единствено законски измени би помогнале за надминување на проблемот со педијатрите. Според него, враќање на стариот систем со диспанзери или спојување со здравствениот дом би овозможил минимум шест педијатри за да функционираат како детско одделение. – Она што сега почнува да се работи, со испраќањето доктори на специјализација по педијатрија требаше да почне пред 15 години за да не дојдеме до ова. Тогаш требаше да се има план, кој доктор кога оди во пензија и да се пуштаат доктори на специјализација од соодветната област. А сега ќе ни требаат седум-осум години за да воспоставиме еден приближно нормален систем. Моментално имаме четворица педијатри на специјализација, но тоа не го исполнува ниту минимумот, смета доктор Зекир, кој зад себе има 35 години работно искуство во областа. Доктор Зекир и неговата колешка, кои покрај двосменското работење, на сопствена иницијатива одат на работа и во викендите и празниците за да ги опслужат дечињата во дневната болница и да ја намалат нивната мака да одат во Струга да примаат терапијата. Овие двајца педијатри три години веќе немаат користено ниту годишни одмори, со цел да им излезат во пресрет на своите сограѓани. – Се однесуваме доста алтруистички. Се обидуваме да бидеме во служба на оние на кои најмногу им требаме, на децата. Доаѓаме и во викендите да работиме. Во моментот има 24 деца кои примаат инфузија. Тоа се 24 стартни прегледи. Дојдовме до ситуација да не можеме да постигнеме, да издржиме физички. Ние сме хронично уморни. Пружаме многу повеќе од она што можеме, нагласи докторот. Според него, за да се формира одделение кое ќе работи 24/7, потребни се минимум шест педијатри. – Во вакви услови, нас ни требаат осум години да формираме одделение и да работиме онака како што треба да се работи. Затоа потребни се итни законски измени да излеземе од моменталната ситуација и Охрид да добие Детско одделение со 24 часовни дежурства. Ова не е политички проблем. Ние тука лечиме деца од сите политички партии и националности. Тука нема политика, вели доктор Зекир. Наплив на пациенти во Струшката болница Директорот на Струшката болница Арменд Арслани вели дека во Детското одделение се згрижуваат пациенти од целиот регион. Таму, посочи директорот, имаат пет специјалисти педијатри и тројца специјализанти и функционираат непречено. Доктор Ферид Салкоски, педијатар во Струшката болница вели дека со недостигот на педијатри во Детското одделение во Охрид зголемена е фреквенцијата на пациенти кај нив, посебно во дежурства. – Откако настана проблемот со недостигот на педијатри во Болницата во Охрид, кај нас има зголемена фреквенција на пациенти, посебно во дежурствата, односно ноќните часови и викендите ни се пооптоварени. Во прва и втора смена покрива Детското одделение во Охрид и нема толкав наплив. Пациентите никогаш не ги делиме дали се од Охрид или од Струга, но евидентно е дека бројката е зголемена за разлика од истиот период претходните години, забележува Салкоски. Во овој период од годината во Детското одделение во Струга има од 60 до 80 прегледи во текот на 24 часа, а во викендите и до 120 прегледи, но во зимските месеци, педијатрите очекуваат зголемување на бројката. – Успеваме да ги згрижиме сите пациенти и ниту едно дете досега не сме вратиле. Сега за сега успеваме да се одржиме, вели Салкоски. Детското одделение во Струшката болница има капацитет за лежечка хоспитализација на 12 до 15 дечиња, но и дневна болница со дополнетелни осум кревети за деца кои имаат потреба од еднократна интравенска терапија. Охриѓани револтирани што мораат да ги носат децата на дежурство во Струга Револтот кај охриѓани, но и кај туристите од земјава и странство е голем, што се приморани во ноќните часови, во викендите и празниците да ги носат децата на преглед во соседна Струга. За родителите на мали дечиња несфатливо е во 21 век во град како Охрид, кој е и најголем туристички центар во државата, да нема елементарни услови за најмалите. – Несфатливо е во 21 век доколку детето ти се разболи да мора да го носиш во соседен град за да му се укаже лекарска помош. Жално е што ова се случува во Охрид, од градот кој едно време бил центар на напредок и развој, а сега прераснува во едно сивило и очај, вели разочаран татко на бебе. Тој забележува дека вината е колективна и оти никој не се труди да се надмине проблемот. – Вината за немањето доктори во педијатрискиот оддел е на државата и раководствата на Болницата. Никој не сноси одговорност, а уште помалку се труди да ги поправи работите. И не само родителите на мали деца, туку сите охриѓани се гневни на немањето доктори во Болницата, нагласува таткото. И Кате, мајка на две малолетни деца, смета дека проблемот треба да се реши што побрзо бидејќи дежурната служба им е повеќе од потребна. – Проблемот со недостиг на педијатри во охридската болница треба под итно да се реши. Со мали деца сме и функционирањето на дежурната служба ни е навистина потребно. Во текот на денот има матични доктори и ќе се снајдеме, но неколку пати ми се случило буквало во сред ноќ да ги носам децата на Детското одделение и да ја добиеме потребната нега, нормално во периодот кога функционираше третата смена, посочува мајката. Покрај охриѓани, гневот околу немањето 24 часа дежурни педијатри во градот, го искажуваат и туристите, кај кои одморот или викендите планирани за релаксација во туристичкиот центар се претворале во трчање по болници и барање помош за најмалите членови во соседните градови. Детското одделение во Охридската болница ги има сите услови за работа. Комплетно е опремено со современа опрема, ехо апарати, апарат за спирометрија, инфузомати… Има капацитет за хоспитализција на 20-тина дечиња, во убаво уредени соби и апартмани, но и дневна болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНевообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“На денот на важните избори во Србија, на малите авиони им беше дозволено да полетуваат од одредени српски аеродроми надвор од нивното работно време.Во недела, на денот на парламентарните избори, Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија објави дека им дозволила на малите авиони да полетуваат од одредени српски аеродроми надвор од нивното работно време, објави Нова.Хр. Невообичаената одлука, која се однесува на аеродромите во Ниш, Вршац, Краљево и Крагуевац, како и на аеродромите Поникве и Росуље во близина на Крушевац, ја коментираше и претседателот на Српската демократска партија, Срѓан Миливојевиќ. „Малите авиони можат да полетуваат од аеродромите во Ниш, Вршац, Краљево и Крагуевац, како и на аеродромите Поникве и Росуље во близина на Крушевац, дури и надвор од работното време, а на барање на корисникот, чита сопственикот на малите авиони. Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“ напиша Миливојевиќ на X. Nije vic, a nije ni šala: Javite Đuri da BLOKIRA AERODROME! Baš od danas, 25. oktobra, direktor Direktorata civilnog vazduhoplovstva Republike Srbije doneo je važnu odluku: -Mali avioni mogu poletati sa aerodroma u Nišu, Vršcu, Kraljevu i Kragujevcu, kao i sa aerodroma Ponikve i Rosulje kod Kruševca i van radnog vremena a na zahtev korisnika, čitaj vlasnika malih aviona. Ko se beše ono havlio da ima flotu malih aviona! Ova odluka nema nikakve veze sa pomeranjem sata! @novars @n1srbija @OnlineDanas @nasportal_info — Srđan Milivojević (@srdjanmil037) October 25, 2026 Иако директно не спомена никакви имиња, се претпоставува дека се осврнал на Жељко Митровиќ, кој има најголема флота на општа авијација во Србија. Митровиќ е исто така сопственик на ТВ Пинк и фабрика за борбени беспилотни летала за српската армија. Според „Слободна Далмација“, Жељко Митровиќ, кој е близок до Александар Вучиќ, се фалел со флота од 22 деловни авиони во 2023 година, но Ер Пинк подоцна ја променил својата сопственичка структура и име, па точниот број може да варира. Српскиот медиумски магнат ги поддржува Вучиќ и СНС со години, а за ова често пишуваат истражувачки новинари и организации кои го следат сопствеништвото на медиумите. Во еден момент, според Глобалната истражувачка мрежа за новинарство OCCRP и Српскиот центар за истражувачко новинарство (CINS), Вучиќ рекол: „Постои само една приватна телевизиска станица која ја поддржува работата на владата. Тоа е Пинк, и тие имаат целосно право да го сторат тоа“. Истражувањето, исто така, ги поврза финансиските придобивки што Пинк ги доби од државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СудбинаСамонаречен „вражалец“ е осуден на доживотен затвор- роднините на жртвата го молеле да им ја открие вистината Повеќе од шест години откако Лејла Кавет исчезна во Флорида, човекот осуден за нејзиното убиство е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода.Повеќе од шест години откако Лејла Кавет исчезна во Флорида, човекот осуден за нејзиното убиство е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода, додека нејзиното семејство продолжува да чека одговори за тоа што се случило со младата мајка. Шенон Рајан, која се самопрогласува за вражалец, е осуден во петок, 23 октомври, објавија CBS Miami, NBC 6 Miami и South Florida Sun-Sentinel. Поротата го прогласи за виновен за убиство од втор степен во септември. Кавет, кој имаше 21 година кога исчезна во јули 2020 година, никогаш не е пронајдена. За време на рочиштето за изрекување на пресудата во петок, роднините на Кавет го замолија Рајан да им каже што се случило, надевајќи се дека конечно ќе можат да ги донесат нејзините останки дома и да ѝ направат соодветен погреб, објави списанието People. „Мојата сестра беше многу повеќе од жртва. Таа беше ќерка, сестра и, најважно, мајка“, рече нејзината сестра Џина Кавет на суд, објави CBS Miami. Нејзиниот брат, Кертис Кавет Џуниор, исто така инсистираше Рајан да даде информации. „Ја сакам вистината. Сакам да знам што ѝ направивте на сестра ми. Сакам да знам каде е“, рече тој, објави CBS Miami. Синот на Кавет, Камдин, исто така беше застапуван на сослушувањето. Тој имаше само две години кога беше пронајден како шета по улиците на Мирамар, Флорида, кратко откако исчезна неговата мајка. Камдин, кој сега има осум години, и неговата изјава беа прочитани гласно на суд од претставник за поддршка на жртвите. „Не се сеќавам многу на мајка ми бидејќи бев многу мал“, рече тој во својата изјава, објави CBS Miami. „Сакам да беше тука за да можеме да одиме во Доливуд, да возиме ATV заедно и да јадеме суши.“ 44-годишниот Рајан одби да се појави на суд пред судијата да му ја изрече казната, објави медиумот. Тој планира да се жали на пресудата и има 30 дена да поднесе жалба. Кавет беше во јужна Флорида, каде што патуваше од Џорџија, кога исчезна. Последен пат беше видена на 25 јули 2020 година, а нејзиниот син беше пронајден сам следниот ден. Нејзиниот бел пикап „Шевролет“ подоцна беше пронајден на паркингот на „Волмарт“ во близина на границата помеѓу Мирамар и Холивуд, Флорида. Бидејќи телото не беше пронајдено, обвинителите се потпираа на индиректни докази и снимки од камери за надзор за да го изградат својот случај. Судските документи, кои беа цитирани од медиумите во претходните извештаи, опишуваат снимки на кои се гледа како Рајан носи голема кеса за ѓубре до контејнер на бензинска пумпа во близина на местото каде што последен пат е видена Кавет. Истражителите, исто така, рекоа дека тој купувал предмети како кеси за ѓубре и дезодоранс за теписи во времето на нејзиното исчезнување. Рајан има претходни пресуди за кривични дела во Алабама, вклучувајќи провала од трет степен и незаконско провала и влегување во возило. Неговите адвокати тврдеа дека тие пресуди не треба да се земат предвид при одредувањето на неговата казна, според судските документи разгледани од списанието „Пипл“.Тагови: доживотен затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХаос на улиците на Тирана- демонстрантите се судрија со полицијата, има приведени (ВИДЕО)Во Тирана, за време на студентски протест, повторно избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата пред канцеларијата на премиерот на плоштадот Скендербег.Инцидентот се случил кога демонстрантите почнале да фрлаат камења и бибер спреј кон полицијата, а полицијата одговорила со солзавец за да ги растера, објавува албански „Евроњуз“. Иако демонстрантите биле привремено растерани по интервенцијата, некои од нив подоцна се вратиле во областа и продолжиле да фрлаат камења и ракети кон полицијата. Исто така, се наведува дека некои демонстранти се уапсени, но не се наведува колкумина. Демонстрантите и полицијата сè уште се присутни на плоштадот. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Студентски протести се одржуваат во Албанија веќе 13-ти ден, со барање за промена на владата и оставка на премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter