Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја - Канал 5

Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја

Светска здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи.

Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја

Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.

Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.

За денеска е предвидена и средба на претставници на СЗО и на конзорциумот Марвак, на кој ќе се промовира меѓународната соработка за развој на вакцини против вирусот Марбург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер