Итна промена во системот „Мој термин“ за пациентките кои треба да дојдат на преглед по операција на дојка

Итна промена во системот „Мој термин“ за пациентките кои треба да дојдат на преглед по операција на дојка или кај пациенти каде треба ургентен преглед на дојка, бараат од Здружението за радиологија на дојка.

 Жените не смеат да имаат долга админстратина процедура за преглед, откривањето на ракот во првите два стадиуми, може да има успех, вели Светлана Темелковска од Здружението за радиологија на дојка.

Од здружението велат дека ќе најдат разбирање и во министерствто за здравство и ФЗОМ, но тоа мора да биде што поскоро.

218 жени и 4-ца мажи минатата година добиле резултати по направените прегледи  дека имаат рак на дојка.

Секоја година во Македонија 279 жени умираат од ова заболување. Единствена превентива е раното откривање на ракот.

притисни ентер