ИТМ: Во јули регистрирани 714 нови крводарители

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во јули 2020 година, првпат крв дарувале 714 лица.

Од нив, 549 се од машки пол, а 165 се од женски пол. Во првата половина од оваа година, вкупно се собрани 20.692 единици крв.

Во однос на состојбата со крвни продукти, Министерството за здравство ја следи епидемиолошката состојба во државата со цел безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.

Изминатиот период е обезбеден континуиран прилив на крвни единици, со што е избегната можноста да се почувствува недостиг од крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост и алтруизам. Само со една дарувана ќеса крв може да се спасат и до три или четири животи.

Информации за распоредот на крводарителски акции може да се добијат на телефоните: 00389 (0) 23226923, локал 125 при Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија.

Службите за трансфузиона медицина се наоѓаат во кругот на општите и клиничките болници низ градовите ширум државата, каде што може да се дарува крв.

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија и дефинитивно оди на предвремени парламентарни избори откако и официјално пропаднаа сите обиди за формирање на влада по расколот во коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената.

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека во наредните неколку дена активно ќе разговара со сите потенцијални кандидати кои ќе треба да состават техничката влада за организирање на избори. Единствено нешто што засега е нејасно е само дали изборите ќе се одржат во ист ден со европските на почетокот на јуни или пак, бугарите ќе одат на гласање два пати за кус временски период.

-Започнувам средби со сите потенцијални премиери. Денеска или утре ако треба и за викендот. Го одложив и мојот напорен меѓународен распоред за следните 10 дена, кој вклучуваше и посета на странски претседател и моите официјални посети во странство. Како што изјавив и вчера, ќе направам се што е можно тој процес за формирање на техничка влада да биде забрзан,- - Румен Радев – Претседател на Бугарија.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пак, го повика претседателот да не именува технички премиери од редовите на неговата партија, бидејќи не сака да се даде впечаток дека тие владејат со земјата во периодот пред изборите. Неговиот ривал пак, Кирил Петков пак, побара фокусот да биде ставен на организирање европските и парламентарните избори во ист ден.

-Единственото нешто на кое опстојувам, а никако нема да го дозволам е тоа да е Росен Желјазков (за технички премиер). И навистина се надевам дека претседателот нема да го именува ниту Димитар Главчев, бидејќи тие на некој начин би биле поврзани со ГЕРБ. Бидејќи целата кампања ќе помине како ние да управуваме. Ние управувме откако ќе добиеме избори,- - Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

-Враќањето денеска на (мандатот) дава можност за 2 во 1 избори и да се заштедат 100 милиони за бугарските даночни обврзници. Барем тоа да го направиме. Така што, во моментот претседателската институција, во разговорите со потенцијалните идни технички премиери да не ја испуштиме датата да може да се случат 2 во 1 (избори),- - Кирил Петков – Продолжуваме со промената.

Бугарија изминатите неколку години беше управувана од серија на технички влади поради не можноста на политичките партии да формираат стабилно мнозинство во парламентот. На тоа барем навидум се стави крај по формирањето на коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената чија договорена ротација на премиерската функција на девет месеци и составот на владата се претвори во фијаско.

Костидовска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО .

Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј-Охрид, а учество земаа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.

„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено работат на спроведување на препораките од УНЕСКО, во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцираше Костадиновска – Стојчевска.

На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.

Министерката со македонските експерти ги информарше членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи меѓу кои Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“, со цел да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.

Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата, во прекуграничното светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот регион“ , во Албанија и во Македонија, соопштуваат од Министерството за култура.

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

По три дена, српската полиција ја прекина потрагата по исчезнатата Данка во планинската област на Бањско Поле и истрагата се насочува во друг правец.

Досегашните информации покажале дека двегодишното девојче најверојатно не се наоѓа на подрачјето каде е досега барано, чија површина изнесува околу 10 квадратни километри. Полицијата сега води проверка на базните станици и ги вештачи телефоните на родителите на девојчето и се испитуваат соседите.

-Самиот факт дека е прекината потрагата, значи дека се дојде до некои нови информации кои ја насочија полицијата на оперативна задача. Со целото срце се надевам дека тоа се позитивни информации, и дека наскоро ќе добиеме информација дека Данка е пронајдена жива и здрава,- изјави, Славица Радовановиќ – полковник во пензија на мин. за внатрешни работи на Србија.

Паралелено со оперативната истрага, според српските медиуми, се чешла и дворот на куќата на семејството каде исчезнала Данка. На местото дошол и багер кој го прекопувал запуштениот имотот прекриен со шут и обраснат со трње. Во исто време, полицијата врши проверка на шахтите и јамите во населбата.

-Може да кажеме дека поголем дел е пребаран, но секогаш постојат тие пет до десет отсто веројатност, што не можеме да ја потврдиме, дека детето го нема, од различни фактори. Постои ситуација кога ветерт не го носи мирисот на страната од каде доаѓа куќето, туку го носи на друга страна,- Дејан Шевковиќ – планинарска спасувачка служба.

Потрагата по двегодишното девојче до вчера се вршеше од воздух и копно, со над илјада полицајци, спасувачи и доброволци. Се користеа дронови со термо камери, хеликоптери и кучиња трагачи, но досега потрагата не даде никаков одговор.

На Данка Илиќ ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала во моментот, кога мајката му давала вода на својот син. Полицијата дошла за 15-тина минути по пријавувањето, а последен пат, според мештаните, била видена како се упатува кон шумата.

притисни ентер