Итен апел од белгиските власти: Подгответе храна и вода за три дена, батериска лампа и радио - Канал 5

Итен апел од белгиските власти: Подгответе храна и вода за три дена, батериска лампа и радио

Белгискиот национален кризен центар ја започна кампањата „Подгответе се заедно“, со која официјално ги повикува граѓаните да подготват комплет за итни случаи што содржи храна и вода за три дена, батерија и радио за итни случаи.

Итен апел од белгиските власти: Подгответе храна и вода за три дена, батериска лампа и радио

Кампањата има за цел да ја зајакне отпорноста на општеството и да поттикне поголемо вклучување на граѓаните во реагирањето на кризи што можат да се појават „насекаде и во секое време“, соопшти Националниот кризен центар, според VRT.

„Свеста и подготвеноста на самите граѓани се клучни за што е можно поефикасно реагирање на итни случаи. Секако нема потреба од паника, но секогаш е добро да се биде подготвен“, нагласи белгискиот министер за внатрешни работи, Бернар Кентин, во емисијата „De Ochtend“ на Радио 1.

Тој додаде дека во Белгија недостасува „култура на безбедност“.

„Мора да разбереме дека не живееме во истиот свет како пред 20 години. Го видовме тоа во Газа, во Украина, но ова важи и за природните катастрофи. И се надеваме дека ова никогаш нема да биде потребно“, рече тој.

Кризниот центар нагласува дека целта не е да се предизвика страв, туку да се подигне свеста.

„Со години даваме совети за вонредни ситуации, за да можат сите да бидат што е можно подобро подготвени и службите за итни случаи да се концентрираат на оние на кои им се најпотребни“, велат од Центарот.

Посебен акцент се става и на навремените информации, а на граѓаните им се препорачува да користат официјални канали како што се системот за предупредување BE-Alert, локалните медиуми и веб-страницата на Кризниот центар, за да можат брзо да пристапат до сигурни информации во кризни ситуации.

„За време на катастрофи, секој треба да знае каде да бара проверени информации. Во такви времиња, лажните вести брзо циркулираат, а некои дури и профитираат од нив“, изјави портпаролот на Кризниот центар.

Планот на кампањата предвидува постепено проширување на темите, вклучувајќи ги и потенцијалните нуклеарни ризици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Маж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата.

Опсадната состојба траеше речиси еден час.

Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе.

Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата.

„Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда.

„Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. 

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер