Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
1Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
3Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив
Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
1Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
ФудбалИтало Дос Сантос: Нема поубаво од деби со гол и триумф на тимотНовиот фудбалер на македонскиот фудбалски првак Вардар, Итало Хосе Оливеира Дос Сантос имаше деби какво што само може да посака. Бразилецот на натпреварот против Победа во својот прв настап во дресот на црвено-црните постигна и гол.Бразилецот зборува за своите први впечатоци од пристигнувањето во Вардар и неговата адаптација во новата средина во која најголема поддршка ќе има од сонародникот Фелипе. - Од првите денови заклучив дека станува збор за одличен тим. Во Вардар има одлични момци, вистински професионалци. Се е во ред, освен што не разбирав ништо што зборуваат, но имам одличен преведувач во тимот кој што ми помогна многу да се адаптирам. Тоа е мојот сонародник Фелипе, изјави Итало. Тој можеше да се запише во листата на стрелците барем уште еднаш, но најпрво ја погоди пречката, а потоа имаше добра прилика за уште еден гол. Бразилецот вели дека е одлично чувство кога ќе се дебитира со постигнат гол. - Тоа беше одличен натпревар за нашиот тим. Игравме одлично и што е најважно успеавме да победиме. Секако дека сум среќен за моето деби во тимот на Вардар. Нема подобро нешто од тоа кога ќе се постигне гол на првиот натпревар, на деби. Но, за мене уште поважна е победата на тимот и освоените бодови на овој натпревар. Сега ни следува реваншот со Фенербахче на кој што нормално посакувам да се избориме за резултат кој што ќе не однесе во следната фаза во групите од Лигата на Европа. Сега сме максимално фокусирани кон тој натпревар, изјави новото вардарово засилување Итало Хосе Оливеира Дос Сантос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека актуелната Влада го реализира тоа што го ветува. „Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече Јаневска, додавајќи дека за нивна реализација се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства. Потсети и дека пред два месеца беше отворен реновираниот „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1150 студенти, а сега капацитетите се прошируваат и со овој дом, каде ќе можат да се сместат 280 лица. „Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска. Додаде дека денот на посетата е одбран симболично, 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се во фокусот на владините политики. „Грижата за студентскиот стандард е многу подигната во период од неколку години – практично буџетот за оваа намена е двојно зголемен ако ги споредиме 2022 и 2026 година. Продолжуваме посветено да работиме за младите да бидат задоволни од вниманието од државата, да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат и да ги задржиме тука во сопствената земја да го реализираат својот потенцијал“, порача министерката за образование и наука. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
СветСАД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани.Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико. Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот. Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година. Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година. Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нивСтудентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност.Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на студентите, мислам дека најубаво е да зборуваме за студентството онакво какво што навистина е — како еден од најзначајните периоди во животот на човекот, во кој заедно со знаењето се создаваат ставовите, пријателствата, амбициите и првите сериозни идеи за тоа каков живот сакаме да живееме и какво општество сакаме да создадеме. Студентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност; затоа студентот денес има потреба и од добро образование и од современа технологија, и од можност да истражува и од пристојни услови за живот, но и од чувство дека неговиот труд и потенцијал се препознаени. Кога разговараме со студентите, токму тие секојдневни работи најчесто се покажуваат како најважни — дали можат да си дозволат уред со кој ќе ја следат наставата и ќе истражуваат, дали имаат поддршка за студентскиот оброк, дали можат да добијат стипендија, дали студентскиот дом е место во кое навистина можат достоинствено да живеат и дали до факултет можат да стигнат без секојдневниот превоз да биде дополнителен товар. Затоа е важно зад зборовите за студентскиот стандард да стојат конкретни нешта. Поддршката за електронски уреди, субвенционираниот студентски оброк, стипендиите, инвестициите во студентските домови, бесплатниот превоз и пристапот до меѓународни научни бази се различни мерки, но сите имаат иста цел — студентот да има подобри услови своето знаење да го претвори во можност. Особено значајно е што и кај студентскиот оброк се разговара за решение што би одговорило подобро на реалните потреби на студентите, со предлог месечната поддршка да се зголеми на 4.500 денари и да се воведе дигитален модел преку кој средствата би се користеле за храна, со дополнителни попусти кај вклучените маркети и угостителски објекти. Но, колку и да се важни условите, студентскиот живот не може да се сведе само на нив, затоа што универзитетот не е само место каде што се полагаат испити, туку простор каде што се среќаваат различни мислења, каде што се учи да се аргументира, да се слуша другиот и понекогаш да се промени сопствениот став, а токму таа критичка мисла е една од највредните работи што една генерација може да ги понесе со себе. Токму затоа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја гледа својата улога како партнер на студентите, а не како организација што ќе зборува во нивно име без да ги слушне; разговараме директно со нив, ги слушаме нивните предлози и проблеми, сакаме да ги отвориме темите што ги засегаат и, кога ќе препознаеме добра идеја, да создадеме начин таа да стане иницијатива, затоа што веруваме дека младите не треба да бидат само корисници на политиките што се носат за нив, туку активни учесници во нивното создавање. И мислам дека токму тука е најважната порака на денешниот ден: младите не се само иднината за која зборуваме во идно време, туку генерација која веќе денес учи, истражува, создава, предлага и презема одговорност, а наша задача е да создадеме услови тој потенцијал да не остане само на ниво на желба, туку да добие простор за реализација. Драги студенти, ви го честитам Меѓународниот ден на студентите и ви посакувам да не ја изгубите љубопитноста што ве натерала да го изберете вашиот факултет, храброста да поставувате прашања и слободата да создавате сопствени одговори, затоа што токму од такви млади луѓе — образовани, критички настроени, љубопитни и подготвени да преземат одговорност — се создава едно посилно и поуспешно општество. Среќен Меѓународен ден на студентите! Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter