Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
1Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
ЖивотИталијански уметник продал невидлива скулптура за 15.000 евра, купувачот задоволенИталијанскиот уметник Салваторе Гарау се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, пред неколку години, кога на неименуван купувач му продаде невидлива скулптура за 15.000 евра, а приказната повторно и повторно се ажурира на мрежите.Скулптурата Ио Соно (Јас сум) е продадена во рамки на аукцијата на италијанската куќа „Арт-Рајт“, со почетна проценета вредност меѓу 7.000 и 9.000 евра. Иако не е видлива, за уметникот по потекло од Сардинија „се обликува во сопствената ништожност“. „Вакуумот не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме - и ништо не останува, според принципот на несигурност на Хајзенберг, дека ништо нема тежина“, објасни Гарау. View this post on Instagram A post shared by Salvatore Garau (@salvatore_garau) Тој додава дека скулптурата има „енергија која се кондензира и се трансформира во честички, односно во нас“. „Тоа е дело кое бара од вас да ја активирате моќта на имагинацијата, моќ што ја имаат сите, дури и оние кои не веруваат дека ја имаат“, заклучил тој. Среќниот купувач добил сертификат за автентичност и инструкции како да го прикаже делото, пренесува New York Post. Мора да се постави во приватна куќа, односно простор со димензии 5х5 метри, без препреки, без вештачко осветлување и климатизација. View this post on Instagram A post shared by Salvatore Garau (@salvatore_garau) Гарау ја бранел својата уметност со грандиозна споредба: „На крајот на краиштата, нели луѓето го обликуваат Бог што никогаш не го виделе“. Инаку, италијанскиот уметник претходно во Милано ја изложи невидливата скулптура „Буда во контемплација“. На својата страница на Инстаграм тој објавил кратко видео по тој повод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха. Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода. Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек. По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го. Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата. Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен. Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени. Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.Тагови: камери Призрен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook