Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите
2Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите
3Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотИталијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долариИталијанските медиуми објавија вест, повикувајќи се на „Гардијан“, дека Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, го купиле островот Сазан во Албанија за над милијарда долари, објави euronews.al.Тие минатиот месец престојувале во Албанија и на албанското крајбрежје минале неколкудневен одмор. „Овој остров, познат по својата природна убавина, поранешна воена база, го привлече вниманието на двојката, која планира да го трансформира во луксузно одморалиште. Островот е дел од Националниот морски парк Карабурун - Сазан и е отворен за посетители од 2015 година, додека дел од него продолжува да се чува како воена зона. За време на комунистичкиот режим, островот се користел за воена обука и операции, а сè уште е исполнет со остатоци од бункери и тунели, наведуваат медиумите. Додаваат дека преговорите за купување на островот се воделе без знаење на албанските жители и пратениците, сè додека не бил постигнат и објавен договорот од 1,4 милијарди евра. Според извештаите, главниот предизвик за проектот е расчистување на земјиштето од неексплодирани мини и воен отпад што се наоѓа на островот. „Идеите за трансформирање на островот во луксузно одморалиште предизвикаа загриженост кај еколошките и научните групи поради влијанието што овој проект би можел да го има врз природната и културната средина на областа. Албанците дури почнаа да го нарекуваат островот „Остров Трамп“, име што го одразува влијанието на семејството Трамп во развојот на овој огромен проект, нагласуваат медиумите. Во подкаст, претседателот Трамп изразил ентузијазам за оваа иницијатива, нарекувајќи ја „извонредна“, но нагласувајќи дека најголемиот предизвик останува чистењето на областа и обезбедувањето безбедност за идните посетители. Покрај Сазан, групата „Афинити“, која ги водеше преговорите, планираше проект и во Србија.Тагови: Албанија Иванка Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во ВелесИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Велес.„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот. Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес. Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа. Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен. Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании. И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект. На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБорозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на паритеЕлитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“.Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски. Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании. Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи... Да било се чисто и законски немало да се крие. Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите. 5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен. Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета. Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон. А Авалон е со блокирана сметка. Дали е колкав данок е платен? Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата. Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани. СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери. Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага. Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари. Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби. Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти. А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот. Доста лажете! Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата. Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан Тагови: Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалцитеОстатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците.Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци. Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи. Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ? Почитувани, Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното. Политичките инсталации на СДС и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа. На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата. Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00