Италијански хирург тврди: За две години ќе биде можна трансплантација на глава на туѓо тело!!! - Канал 5

Италијански хирург тврди: За две години ќе биде можна трансплантација на глава на туѓо тело!!!

Италијанскиот хирург Серџо Канаверо вели дека наскоро ќе биде можно да се трансплантира глава од сериозно болен пациент, на здраво тело на донор чиј мозок престанал да функционира! Првата операција, според Канаверо, може да се реализира веќе во 2017 година!!!

Италијански хирург тврди: За две години ќе биде можна трансплантација на глава на туѓо тело!!!
Звучи како од хорор филм, но италијанскиот хирург е убеден дека тоа е можно. Тој вели дека ваквата операција ќе им даде нов живот на луѓето кои се парализирани и неподвижни, оние кои станале парализирани поради повреди на рбетот или од други причини - поради болести на мускулите, па дури и оние чие тело е разорено од рак на некој орган!




Критичарите на Канаверо велат дека она што тој го зборува е „чиста фантазија“ и дека тоа е некој вид „Франкенштајнска наука“ но тој вели дека постојат сите техники да се изведе таква операција, само треба да се употребат. Поминале 40 години од првата трансплантација на глава на мајмун - вели тој. Детално својата замисла ќе ја изложи на медицинска конференција ова лето, во надеж дека ќе добие поддршка првата операција да ја направи во 2017 година.

Како би се извршила оваа операција? Ако сте со послаби нерви и срце, ве молиме не читајте понатаму!



Новото тело би било на донор со мозочна смрт. Главите на донорот и на пациентот би биле пресечени во исто време со многу остар скалпел, а потоа главата на пациентот ќе се поврзе со телото на донорот со посебно лепило наречено полиетилен гликол.

Пациентот ќе биде поставен во индуцирана кома 4 недели за да може главата и телото добро да се поврзат и да заздрават.

И ако ова не е доволно бизарно, тогаш на пациентот ќе му бидат дадени мали електро шокови за стимулација на рбетниот мозок и за зајакнување на конекциите меѓу главата и новото тело!

Кога пациентот ќе биде изваден од медицински индуцираната кома, би требало, според италијанскиот хирург, да биде способен да се движи, да го чувствува лицето, и да зборува со ист глас!!!

Д-р Канаверо вели дека спроведувањето на оваа „процедура“ има етичка смисла кај луѓето кои немаат друга надеж за излекување.

Тој оди уште понатаму, па вели дека кога науката ќе достигне до нивото клонирањето на луѓето да биде едноставно, тогаш 60-годишни луѓе ќе можат да направат копија од себе си, да ја стават својата стара глава на ново тело (!!!) направено од нивна ДНК, и да ги задржат своите сеќавања и личност!

- Се согласувам со концептот за рбетна фузија и мислам дека има многу области каде трансплантацијата на глава ќе биде корисна, но не се согласувам со канаверо за тајмингот - мислам дека тоа ќе може да се направи во далечна иднина - вели Вилијам Метјус, претседател на Американската Академија за невролошки и ортопедски операции.

Хери Голдсмит, пак, лекар од Калифорнија кој извел неколку операции на пациенти со повреда на рбетниот мозок, по кои тие повторно можеле да одат, вели: Не верувам дека тоа некогаш ќе се случи!




/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, продолжува да гради бизнис империја надвор од теренот. 

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Овој пат, таа ги здружи силите со искусната инвеститорка Бет Фереира за да лансира нова инвестициска компанија, која има за цел да собере дури 200 милиони долари.

Според „Форбс Монтенегро“, новата компанија, наречена „Старфајр Венчрс“, има седиште во Њујорк и планира да инвестира во перспективни стартапи, првенствено во областите на здравството, финансиските услуги и вештачката интелигенција.

Ова не е прв обид на Серена Вилијамс во светот на инвестициите. Таа почна да инвестира во млади компании во 2014 година, а подоцна ја основа „Серина Венчрс“, преку која поддржа повеќе од 100 компании.

Сепак, сега таа сака да направи многу поголем чекор.

Милиони долари за компании кои штотуку почнуваат

Планот на новата инвестициска компанија е да финансира помеѓу 20 и 25 стартапи кои се во рана фаза на развој.

Поединечните инвестиции ќе се движат од 1 милион до 10 милиони долари, а просечната инвестиција се очекува да биде околу 5 милиони долари.

Тоа е значително повеќе од она што Серена претходно го издвои преку нејзиниот прв фонд, каде што инвестициите честопати вредеа неколку стотици илјади долари.

Сепак, Вилијамс и Фереира не открија колку пари се собрани досега, ниту колку лично ќе инвестираат.

Новата компанија веќе ги направи своите први деловни чекори. Во октомври, таа учествуваше во финансирањето на стартапот Town, кој развива асистент базиран на вештачка интелигенција. Таа инвестициска рунда собра 108 милиони долари, со што стартапот се проценува на 1 милијарда долари.

Богатство од 400 милиони долари

Деловните успеси на Серена Вилијамс доаѓаат по една од најуспешните кариери во историјата на тенисот.

Победничката на 23 титули во поединечна конкуренција на Гренд слем и четири златни олимписки медали во текот на нејзината кариера заработи повеќе од 600 милиони долари пред даноци.

Според Форбс, нејзиното лично богатство достигна 400 милиони долари, што ја става на врвот на листата на жени кои го стекнале своето богатство првенствено преку спорт.

Само во изминатите 12 месеци, нејзината заработка беше проценета на 40,1 милиони долари, што ѝ го донесе третото место на листата на Форбс на најплатени тенисерки за 2026 година.

Сепак, Серена одамна се откажа од тоа да биде признаена само за нејзините перформанси на теренот и договорите за спонзорство.

Нејзиниот прв инвестициски фонд собра 111 милиони долари во 2022 година, а меѓу компаниите што ги поддржала има 13 кои се проценети на најмалку 1 милијарда долари.

Таа сака да ги промени правилата на инвестициската индустрија

Покрај нејзините финансиски цели, Серена Вилијамс и нејзиниот деловен партнер сакаат да отворат повеќе простор за жените во светот на инвестициите.

Според PitchBook, само еден процент од инвестициите во американски ризичен капитал минатата година завршиле во компании кои немале мажи меѓу нивните основачи.

Серена верува дека се потребни повеќе жени за да одлучуваат за распределбата на инвестицискиот капитал, но нагласува дека нејзината компанија нема да инвестира исклучиво во компании предводени од жени.

Таа покажува особен интерес за здравствената заштита на жените, како и за компаниите што користат вештачка интелигенција за развој на нови производи и услуги.

Во ова ќе ѝ помага Бет Фереира, инвеститор со долгогодишно искуство, која претходно работеше во FirstMark Capital и WME Ventures, а е генерален партнер во Serena Ventures од 2024 година.

Нивната амбиција е да изградат инвестициска компанија која ќе има долгорочна вредност и која нема да зависи само од признанието на познатата тенисерка.

За Серена Вилијамс, која ги помести границите за време на својата спортска кариера, новиот предизвик сега е да постигне сличен импакт во светот на големиот капитал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер