Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
1Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ЗдравјеИталијански доктор: Чудно воспаление на белите дробови кружеше на северот од Италија уште во ноемвриДоктор од Италија го шокираше светот со своето тврдење дека уште во ноември лани во Ломбардија се појавило чудно воспаление на белите дробови.Чудно воспаление на белите дробови кружеше на северот од Италија уште во ноември", неколку недели пред докторите да станат свесни за избивањето на новиот коронавирус во Кина, изјави еден од водечките медицински стручњаци во Италија, докторот Џузепе Ремуци. „Тие(лекарите од општа пракса“ се сеќаваат дека виделе необична пневмонија, многу тешко воспаление на белите дробови, посебно кај повозрасните лица во декември, дури уште во ноември“, изјави директорот на Институтот „Марио Негри“ за фармаколошки истражувања во Милано , докторот Џузепе Ремуци во интервју за Националното јавно радио на САД. -Тоа значи дека вирусот циркулирал, барем во Ломбардија, и пред ние да станеме свесни дека оваа епидемиј се случува во Кина. Оваа изјава на докторот Ремуци доаѓа во време кога научниците се уште истражуваат за потеклото на коронавирусот. Кинескиот стручњак за респираторни болести Зонг Наншан претходно изјавил дека иако Кина прва пријавила патоген, се уште не е сигурно откаде вирусот всушност доаѓа. Докторот Ремуци истакнал дека дури неодамна ги слушнал изјавите на италијанските доктори за чудната пневмонија во ноември, што значи дека вирусот се ширел претходно без знаење на луѓето. Во Италија досега има повеќе од 63000 потврдени случаи на заразени со коронавирус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
НаукаГолемо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка Новите истражувања покажаа дека човечката рипка не е еден вид, туку дека постојат девет вида. Меѓу нив е и босанската човечка риба од Краина.Човечката рипка , еден од најпознатите жители на подземните води на Динарскиот карст, со децении се сметаше за единствен вид. Сепак, новите меѓународни истражувања покажауваат дека зад тековното име *Proteus anguinus* всушност се кријат дури девет различни видови. Три од нив се сосема нови за науката, а меѓу нив е и босанската човечка рипка (*Proteus bosniensis*), чие издвојување како посебен вид е од особено значење за Босна и Херцеговина. Во истражувањето, објавено во списанието *Amphibia-Reptilia*, учествувале и босанските биолози Емина Шуње од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Сараево и Аднан Зимиќ од Националниот музеј на Босна и Херцеговина. *Proteus bosniensis* е поврзан со подземните водни системи на Краина, особено со областа под планината Грмеч во Босна и Херцеговина. Како и другите единки од видот „човечка рипка“, тој го поминува поголемиот дел од својот живот во целосна темнина на подземните води. Поради тоа, многу е тешко да се истражи неговата распространетост и прецизно да се утврди големината на популацијата. Важно е да се напомене дека тоа не значи оти животното е тукушто откриено. „Човечката рипка“ во областа на Краина е позната со децении, но дури современите истражувања потврдиле дека таа претставува посебен вид – *Proteus bosniensis*. Покрај босанската „човечка рипка“, на територијата на Босна и Херцеговина живее уште еден вид, *Proteus carrarae*, кој е поврзан со подземните води на херцеговскиот карст. „Човечките рипки“ се многу слични меѓу себе. Имаат издолжено тело, закржлавени очи и бледа кожа, а животот во целосна темнина го обликувал нивниот изглед. Поради големата сличност, било речиси невозможно да се утврди колку различни еволутивни линии се кријат зад името *Proteus anguinus* врз основа само на надворешните карактеристики. Современите генетски и морфолошки анализи покажаа дека некои од овие лози еволуирале независно во текот на милиони години. Иако по изглед се речиси идентични, тие претставуваат различни видови. Според тоа, *Proteus bosniensis* е пример за таканаречената криптична разновидност – појава при која различни видови изгледаат толку слично, што нивните разлики долго време остануваат незабележани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
БалканНеофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во ХрватскаЧетири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот. Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените. Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар. Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин. Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата. Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасен маж скршеници на двете нозе на ПелистерЦентарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесенСпасувачките екипи од неколку институции успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата. Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење. По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“. Екипа на ДЗС Битола веднаш се упатила кон повредениот, а ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ била активирана за помош при интервенцијата. Поради тешко пристапниот терен била побарана и воздушна поддршка, но во меѓувреме екипата на ДЗС успеала да стигне до повредениот и со теренско возило да започне неговиот транспорт. Во 13:45 часот екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај месноста Ловечка куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош му укажал медицинска помош на повредениот. Потоа лицето треба да биде пренесено до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе го преземе екипа на Итната медицинска помош и ќе го транспортира до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06