Италијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО) - Канал 5

Италијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО)

Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија.

Италијанската полиција запленила речиси 800 килограми кокаин- на пакетите е знамето на Србија (ВИДЕО)

Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор.

Акцијата ја спроведоа членови на Guardia di Finanza од Савона, заедно со колегите од Економската и финансиска полиција во Џенова и службеници од италијанската царинска агенција. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години.

Кокаинот бил скриен меѓу банани

Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети што содржеле повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажале дека станува збор за кокаин со висока чистота.

Дрогата била вешто скриена меѓу десетици палети со банани во контејнер што пристигнал од едно од главните пристаништа на Еквадор.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози објави дека се запленети речиси 800 килограми кокаин и им се заблагодари на полицијата за операцијата.

YouTube video

Вредноста е околу 250 милиони евра

Се проценува дека, доколку дрогата завршела на улица, таа би им донела на криминалните групи околу 250 милиони евра.

Италијанските власти велат дека операцијата е дел од зголемените контроли на трговските патишта меѓу Јужна Америка и пристаништето Вадо Лигуре, кое е сè поважен европски трговски центар, но и можна цел за меѓународни шверцери на дрога.

Според италијанските медиуми, ова е уште една голема заплена во истото пристаниште за краток временски период. За помалку од еден месец, таму е запленет повеќе од еден тон кокаин.

На пакетите имало знаме на Србија

Пакетите биле обележани со знамето на Србија, но италијанските власти не објавија дали ова значи поврзаност со криминални групи од Србија. Ниту пак беше објавено дека во акцијата се уапсени српски државјани.

Истрагата за потеклото на дрогата и луѓето што стојат зад пратката продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка.

Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително.

„Инцидентот е завршен“

Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“.

„Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер