Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин - Канал 5

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин

Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото на Албанецот.

Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.

Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК).

Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија.

На свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши ги поздрави домаќините и нагласи дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти.

Тој посочи дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност. Без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес.

Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Северна Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија и НАТО не само како стратешки избор туку и како суштинска патека за зајакнување на суверенитетот, безбедноста и просперитетот на земјата.

Во говорот претседателот Гаши, исто така, потенцираше дека земјите на регионот, и покрај разликите, делат заеднички интереси и стремежи за живеење во мир, економско унапредување и подобра иднина за своите граѓани, особено за помладите генерации.

Покрај учеството на Генералното собрание на ПАБСЕК, претседателот на Собранието Африм Гаши реализира и официјална билатерална посета на Тбилиси по покана на претседателот на Парламентот на Грузија. Во рамките на оваа посета, се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат ставови за актуелните прашања поврзани со регионалната безбедност, парламентарната дипломатија и перспективите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово

Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници

Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово

Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината.

За реализација на оваа инвестиција се вложени 5 милиони денари од буџетот, со што значително се подобрени просторните услови за работа и за престој на пациентите.

Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари.

„Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за спроведување на имунизацијата, поефикасна организација на работниот процес и поквалитетна услуга за граѓаните, особено за децата и нивните семејства. Токму инвестициите во примарната здравствена заштита се инвестиции во здравјето на идните генерации. Наш приоритет е да создаваме современи, функционални и достапни здравствени установи во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува квалитетна здравствена услуга поблиску до местото на живеење, изјави министерот Алиу.

Министерството за здравство останува посветено на унапредување на инфраструктурните услови во здравствените установи низ државата, со цел обезбедување поквалитетна, подостапна и поефикасна здравствена заштита за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓаните

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс.

СДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓаните

Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат - системот е во дефект.

Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни.

Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и неспособност на оваа Влада и на Министерството за здравство, да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем.

Кога во хируршките сали нема услови за работа, не се одложуваат само операции.

Се одложуваат нечии надежи за оздравување, се продолжува нечија неизвесност, се доведува во прашање безбедноста на пациентите.

Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случчат компликации поради чекање за операција?

На една Влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно.

Но, на Владата на ВМРО, поважно е да има пари за партиски тендери, отколку за функционален и одржлив здравствен систем.

Во буџетот нема пари. На средина од годината дефицитот е целосно истрошен, а државата ја задолжија со нови 2,5 милијарди евра.

Ништо од тие пари не е за мерки за граѓаните, за плати и пензии, ниту пак за инвестиции во здравството.

Пациентите не смеат да бидат жртва на неспособноста, негрижата и лошото менаџирање на оваа криминална власт.

Бараме итно санирање на дефектот и оспособување на хируршките сали за сите пациенти.

Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 30.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер