Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
3Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
КошаркаИталијанската компанија „macron“ нов спонзор на кошаркарската федерација Италијанската компанија за спортска опрема „Макрон“ е нов технички спонзор на Македонската кошаркарска федерација, и во наредниот период ќе ги облекува нашите национални селекции.„Макрон“ ќе ги „облекува“ нашите најдобри кошаркари, веќе во продолжението на мундијалските квалификации. Односно за „двомечот“ против селекцијата на Грузија, кој се игра на 24. во Тбилиси, односно 27. февруари во Скопје. „За прв пат по еден подолг период, можам и официјално да потврдам дека обезбедивме технички спонзор кој ќе биде сервис за сите наши национални селекции. Постигнавме договор со ‘Макрон’, позната спортска компанија која е една од оние кои имаат референци кои во целост одговараат на нашите барања и понатамошни планови. Се договоривме за соработка која ќе биде во траење од четири години. Односно по два квалификациски циклуси. Искрено се надеваме дека ќе биде успешна и дека двете страни ќе бидат задоволни од она што го договоривме“- потенцира генералниот секретар Владимир Георгиевски за договореното со новиот технички партнер на нашата федерација. „Макрон“ е италијанска компанија од Болоња, која има богато спортско „портфолио“. Особено ако се земе в предвид дека се грижи за изгледот, дизајнот и квалитетот на доста голем број на национални тимови во повеќе спортови. Во оној кошаркарски сегмент, „Макрон“ е дел од повеќе италијански клубови како Виртус Болоња, Варезе, Виртус Рома, Реџана, а застапен е и во германската Бундеслига, каде нивните производи го користат кошаркарите на Лудвисбург. Ова е вториот технички спонзор со кој федерацијата потпиша документ за долгорочна соработка. Пред извесно време, турскиот моден гигант „Кигили“ стана дел од Македонската кошаркарска федерација, и ќе се грижи за изгледот на нашите репрезентативни селекции во наредниот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизСелена Гомез ги измамила инвеститорите? Поп-ѕвездата сега е тужена!Поп-ѕвездата Селена Гомез се најде во центарот на судски спор откако инвеститори ја обвиниле дека не ги исполнила ветувањата поврзани со нејзиниот стартап за ментално здравје. Поп-ѕвездата Селена Гомез е обвинета за измама од страна на инвеститори кои тврдат дека не ги исполнила ветувањата дека ќе ја искористи својата светска слава и огромниот број следбеници на социјалните мрежи за промоција на нејзиниот стартап за ментално здравје, кој пропаднал минатата година. Стартапот Wondermind Global Inc. во 2022 година наводно тврдел дека вреди 95 милиони долари, кога од инвеститорите побарал средства за развој на производи, меѓу кои и мобилна апликација, се наведува во тужбата поднесена во четвртокот пред федералниот суд во Делавер. Гомез, една од основачите, била „главен директор за влијание“ и раководителка за маркетинг, според тужбата. Дали ги измамиле инвеститорите? Според тужбата поднесена од пет инвеститори, Wondermind ги претставувал своите перспективи подобри отколку што биле и никогаш не ги развил производите или не ги остварил приходите што ги ветил. Инвеститорите тврдат дека Гомез ги занемарила своите договорни обврски кон компанијата, делумно поради „долготрајни лични несогласувања“ со нејзината мајка, Манди Тифеј, која била коосновачка и коизвршна директорка. „Иницијативите никогаш не се реализираа. Апликацијата никогаш не беше направена. А во текот на три години, додека компанијата тивко се распаѓаше, ниту еден од основачите, директорите или раководителите не им кажал ништо на инвеститорите“, пишуваат адвокатите во тужбата. Гомез го основала Wondermind во 2021 година со својата мајка и Даниел Пирсон, основачка на билтенот за поп-култура Newsette. Компанијата се фокусирала на таканаречената „ментална кондиција“ и промовирала навики за одржување на менталното здравје, слично на начинот на кој луѓето користат фитнес-центри за физичка форма. Гомез, Тифеј и Пирсон, кои се наведени како тужени, не одговориле веднаш на барањата за коментар. Во првата инвестициска рунда во 2022 година, компанијата собрала 5 милиони долари од инвестициски фондови и компании, меѓу кои фондот на тениската легенда Серена Вилијамс, Lightspeed Venture Partners и Sequoia Capital. Од таа сума, 1,2 милиони долари инвестирале петте лица кои сега ја поднеле тужбата, меѓу кои и поранешниот извршен директор на Allergan, Брент Саундерс. Инвеститорите биле привлечени од ветувањето дека Wondermind ќе може да стигне до публика од повеќе од 500 милиони луѓе преку каналите на Гомез на социјалните мрежи, се наведува во тужбата. Наводни лажни партнерства Во тужбата се тврди и дека компанијата лажно претставувала дека обезбедила институционални партнерства со работодавачи, меѓу кои JPMorgan Chase и Fidelity, како и дека започнала различни иницијативи за остварување приходи. Инвеститорите тврдат дека за финансиските проблеми на компанијата дознале преку напис објавен во септември 2025 година во The Cut. Во тужбата се наведува дека написот открил детали за наводното „занемарување на обврските“ на Гомез кон компанијата и нејзините наводни обиди да се дистанцира од Wondermind. Тужителите ги обвинуваат Гомез и останатите тужени за прикривање на оперативните, финансиските и раководните проблеми на компанијата. Инвеститорите сега преку судска постапка се обидуваат да ги повратат вложените средства. Важно: ова се наводи од тужбата и не значи дека обвиненијата се докажани. Судот допрва треба да ги разгледа тврдењата на страните.Тагови: Селена Гомез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотВидео: Чудо во Унгарија: Лубеница тешка 84 килограмиБила потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина.Необична лубеница - вид што не се гледа секој ден - е одгледувана оваа година во унгарското село Медѓесбоџас,на фармата на Тамас Дарвас, една од лубениците достигна неверојатна тежина од 83,95 килограми. Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина. Дарваш одгледува лубеници повеќе од три децении, но неговиот пат кон производството на толку огромни плодови не бил случаен. Сè започнало во 1998 година, кога купил десет семиња во САД. Оттогаш, од година во година, тој ги избирал семињата од најголемите лубеници за да ги користи во наредната сезона. На тој начин, земјоделецот со децении селектирал растенија што даваат сè поголеми плодови. Дарваш претходно објасни дека станува збор за сорта првично развиена во американската сојузна држава Арканзас, специјално за натпревари во одгледување џиновски лубеници. Според неговите претходни изјави, под соодветни услови, поединечни лубеници можат да достигнат тежина и до 150 килограми. Годинешниот резултат е особено значаен за него, бидејќи повеќекратно го надмина неговиот претходен забележителен успех. Во 2023 година, Дарваш го привлече вниманието на јавноста со лубеница тешка 63,25 килограми. Сепак, сега таа граница е поместена за повеќе од 20 килограми. 🍉 A monster watermelon weighing nearly 84 kg was grown in Hungary The giant was grown by farmer Tamás Darvas from the village of Medgyesbodzás, who has been cultivating watermelons for more than 30 years. The fruit is so enormous that carrying it home alone would be quite a… pic.twitter.com/L8uRSNeCFL — NEXTA (@nexta_tv) August 12, 2026 Колку изнесува светскиот рекорд? Иако 84 килограми би биле доволни сериозно да ја оптоварат обичната домашна вага, унгарската лубеница сè уште е далеку од светскиот рекорд. Најголемата официјално регистрирана лубеница во светот тежела дури 159 килограми. Таа била одгледана од Американецот Кристофер Кент од Сејвил, Тенеси, а рекордот бил потврден на 4 октомври 2013 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладитеОпштина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината. Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата. Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани. Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter