КултураИталијанската актерка Каролина Пагани на „Битола Шекспир фестивал“„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет.Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа“, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата. -Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал“ ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге“, со балетот „Ромео и Јулија, последните часови“ подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот. Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет“ на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донацииСлучајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.Фејсбук страницата „Охриѓани“ преку видео-објава информираше за тоа како непознати лица вандализирале простор кај домот Лакочере, кој во изминатите години, како што наведуваат, бил обновен со донации и претворен во мултифункционален објект за локалната заедница. Во објавата се тврди дека група млади лица, меѓу кои имало и девојки, престојувале на локацијата, консумирале алкохол, и според видео снимките, го демолирале објектот. Според објавеното, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази. Од „Охриѓани“ велат дека преку снимки од приватни безбедносни камери веќе утврдиле со какви возила пристигнале лицата и очекуваат наскоро да биде откриен нивниот идентитет. Тагови: вандализам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес ТигањЃорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија,Тигањ.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи. Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи. На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија. Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДСВладата на ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретните мерки и програми за младите.СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста. СДС уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026. Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook