Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника БолоњаПрограмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња.Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во Италија од овој вид. Уште од неговото основање, овој филхармониски оркестар внимателно ја одбира програмата која ја претставува во аудиториумот „Манцони“, па така тие прават серија оркестарски циклуси на кои го изведуваат симфонискиот опус на Сергеј Рахмањинов, Лудвиг ван Бетовен и Петар Илич Чајковски. Со оркестарот настапуваат звучни музички имиња како пијанистите: Иво Погорелиќ, Филип Ентремон, Александар Лонквих, Лилја Зилберштајн, Анџела Хјуит, Луи Лорти, Данил Трифонов, Александара Романовски, Александар Малофеев и Бенедето Лупо; виолинистите: Гидон Керемер, Сара Чанг, Јулиан Рахлин, Сергеј Крилов, Баиба Скриде, Ана Тифу и Марк Бучков; челистите: Миша Мајски, Давид Герингас и Киан Солтани, под диригентските палки на сер Невил Маринер, Герд Албрехт, Михаил Плетњов, Александер Ведерников, Габор Такач-Наги, Пол Гудвин, Азиз Шохахимов и Микеле Мариоти. Од 2014 до 2019 година оркестарот секоја година остварува турнеи во Јапонија настапувајќи во Токискиот „Сантори Хол“ и „Орчард хол“. Од 2022 година шеф диригент на оркестарот е Роберто Абадо, и од тогаш започнува ново и значајно поглавје за овој оркестар. Меѓу другото, оркестарот настапува на престижниот фестивал „Жорж Енеску“ во Букурешт, како и на Фестивалот „Амиата“ во Италија. Покрај редовните концерти, оркестарот особено внимание посветува на камерната музика, настапувајќи во палатата „Капрара Монпенсиер“, и настојува преку соработка со општинските власти на Болоња да ја шири музиката и надвор од централните градски подрачја. Снимките кои досега ги остварува Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња издадени од престижниот „Дојче Грамофон“ се високо оценети од стручната критика и му ја носат на оркестарот наградата „ЕХО“ за најдобри изданија во категоријата класична музика во 2009 и 2013 година. Како уметник вечерва ќе настапи виолинистот Давиде Алоња, кој важи за еклектичен музичар со широко интернационално образование. Дипломира виолина и пијано со високи оценки на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо, а магистрира виолина и камерна музика на Парискиот конзерваториум со највисока оценка. Студира и композиција на Академијата „Чигиана“ во Сиена во класата на Џулијано Кармињола кој го опишува како “неверојатен талент“. Давиде веќе има настапувано во бројни концертни сали низ светот како аудиториумот „Стерн“ во Карнеги Хол, во Миланската „Скала“, во салата на Берлинската филхармонија, во „Сантори Хол“ во Токио, во салата „Сметана“ во Прага, во Големиот театар во Шангај, салата „Корто“ во Париз, во салите „Гастајг“ и „Херкулес сал“ во Германија, во Белес артес во Мексико, во салата „Махидол“ во Бангкок, во операта во Каиро и во аудиториумот „Верди“ во Милано. Како солист настапувал со некои од најпознатите светски оркестри како: Лондонскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на „Ла Скала“, Симфонискиот оркестар во Милано, Филхармонијата „Тосканини“, оркестарот на театарот во Болоња, Државниот оркестар во Истанбул, симфониските оркестри во Каиро, Адана и Мексико и многу други. Неговите носачи на звук се многубројни, а снимени се, меѓу другите, за издавачките куќи „Ворнер класикс“, „Наксос“, „Брилијант класикс“ и др. Давиде Алоња е еден од најпосветените музичари на италијанската музика на 20 век, проучувајќи, изведувајќи или снимајќи дела кои ѝ се делумно непознати на музичката јавност. Така во 2018 година за „Наксос“ снима ЦД со три светски премиери на дела од Марио Кастелнуово Тедеско, а во 2021 година истата издавачка куќа го издава дискот со виолинскиот концерт на Оторино Респиги во придружба на Њујоршкиот камерен оркестар. Алоња го иницира и реализира „Проектот Роде“ во кој за време на пандемијата на Ковид19 заедно со негови колеги, познати виолинисти, ги снимаат и дигитално ги дистрибуираат 24 Каприси на композиторот Пјер Роде со цел да им помогнат на студентите по виолина од целиот свет. Неодамна сними ЦД со дела за виолина и оркестар придружуван од Лондонскиот симфониски оркестар, а од 2023 година е резидентен солист на камерниот оркестар „Музичари на Скала“ (I musici della Scala) во Милано. Алоња предава виолина на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо. Свири на инструмент изработен од Антонио Страдивари во Кремона во 1690 година, кој му е позајмен од Флоријан Леонхард, како и на виолина изработена од Анселмо Готи во 1930 година. Концертот ќе се одржи на сцената на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. На програмата се избрани дела на Респиги, Вивалди, Базини, Маскањи, Пјацола, Рота. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаМинистерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на СкопјеСо положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес. 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот. Со почит, Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter