Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотИталијанска тинејџерка одбила договорен брак и исчезнала, уапсен е вујкото (ВИДЕО) Вујкото на италијанско-пакистанска тинејџерка која исчезнала откако одбила да стапи во договорен брак е уапсен под сомнение за убиство.Даниш Хаснаин, чичко на 18-годишната Саман Абас, вчера е приведен во Франција по европска потерница. Тој е еден од петте роднини што полицијата ги испитува под сомнение за убиство. Абас последен пат била видена кон крајот на април во близина на семејна куќа во северна Италија. Полицијата соопштила дека нејзиното семејство имало намера да отпатува во Пакистан за договорен брак, што таа го одбила минатата година. Наводно живеела во установа за социјална заштита некое време, но се вратила во семејниот дом во Новелара кон крајот на април. Властите веруваат дека станува збор за убиство, но нејзиното тело се уште не е пронајдено, пишува Би -Би -Си. Полицијата претходно објавила снимка од надзорната камера од 29 април, на која се гледаат тројцата осомничени како одат со алатки и сина торба. Тие изјавиле дека родителите на тинејџерката и еден нејзин роднина избегале од Италија по нејзиното исчезнување. Имено, снимките од надзорната камера на аеродромот во Милано покажуваат како нејзините родители одат на лет за Пакистан. Италијанската влада денеска објавила дека побарале од Пакистан да ги екстрадира. Министерката за правда Марта Картабија потпишала и испратила барања за екстрадиција. Друг роднина на 18-годишната девојка бил уапсен претходно оваа година во врска со случајот и е во затвор во Италија. Италијанската асоцијација на исламски заедници (UCOII) соопштиле дека се шокирани од случајот и издале фатва (верска пресуда) со која се отфрлаат принудните бракови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)Авион на „Рајанер“ на лет од Манчестер до Даблин направи ризично слетување за време на бура, а снимката снимена од патник покажува како врвот на крилото ја удира пистата.Авионот силно отскокнува и скршнува од курсот при слетувањето, но пилотите успеале да ја одржат контролата врз авионот. Видеото го прикажува крилото на Боингот 737 како се витка под налетите на ветерот пред неговиот врв накратко да ја допре пистата. Патник по име Метју, кој го снимил инцидентот, го опишал искуството како „многу страшно“, но ја пофалил реакцијата на пилотите. WATCH: Ryanair 737 came close to striking its right winglet at Dublin airport earlier today. Video: Garden-Lane pic.twitter.com/EPE8mrP8s0 — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) September 10, 2026 Незгодно слетување „Пилотите завршија неверојатна работа. Авионот силно отскокнуваше при слетувањето, потоа се крена и се сврте надесно. Да бидам искрен, мислев дека крилото е готово“, рече тој. „Рајанер“ потврди дека летот „FR5042“ од Манчестер слета во Даблин поради силни ветрови, но ја опишуваат ситуацијата поинаку. Во официјалното соопштение, тие наведуваат дека авионот слета „нормално“ и дека по корекцијата, слета на пистата при вториот обид без тешкотии. Инцидентот се случил за време на бурата Кетлин што ја погоди Ирска. Налетите на ветер достигнаа брзина и до 113 километри на час, поради што неколку летови на аеродромот во Даблин беа откажани или пренасочени кон други дестинации. Извор: Индекс.хрТагови: Рајанер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголеменСОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени. Денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05