Италијанска новинарка мора да и плати на Мелони 5.000 евра поради исмејување - Канал 5

Италијанска новинарка мора да и плати на Мелони 5.000 евра поради исмејување

Италијанска новинарка мора да и плати на Мелони 5.000 евра поради исмејување на нејзината висина.

Италијанска новинарка мора да и плати на Мелони 5.000 евра поради исмејување

Судот во Милано и наложи на новинарката Џулија Кортез да и плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони отштета од вкупно 5.000 евра, бидејќи ја исмевала на социјалните мрежи.

Новинарката исто така во октомври 2021 година доби условна казна од 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерката на Икс (поранешен Твитер), а објави и ретуширана фотографија од Мелони и покојниот фашистички лидер Бенито Мусолини.

Кортез може да поднесе жалба на пресудата, а адвокатот на премиерката рече дека парите за отштета ќе бидат донирани во добротворни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови

Заемите на ЈПДП се рамковни и не се повлекуваат одеднаш, туку постепено во зависност од реализацијата на проектите и доставените фактури. 

Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови

Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од СДСМ дека 350 милиони евра обврски на претпријатието не се прикажани во јавниот долг. За планираното задолжување од 1,3 милијарди евра пак, Мицкоски посочи дека не е дел од годинашниот ребаланс, бидејки се однесува на задолжување на меѓународниот пазар и еврообврзница што треба да се издаде во 2027 година, пред се за отплата на стари долгови.

-Јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

За премиерот, показател за добрите економски политики на владата се и најновите податоци на статистика, кои покажуваат дека БДП во вториот квартал од годинава пораснал за 4,3%. Мицкоски вели дека тоа е еден од највисоките резултати во Европа, во услови кога растот во ЕУ е 1,2% , а во еврозоната 1%.

- Јас ќе си стојам до мојот став дека ова е еден од четирите во моментот најголем раст на бруто домашен производ и во првата половина од годината, но и во второто тромесечие, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5%.. Пред нас уште се Малта и Данска. Еве ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, жалам.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

По објавата на последните статистички податоци, од Фајнанс тинк во најновата анализа оценуваат дека економската активност забрзува, но предупредуваат дека растот е главно воден од домашни фактори, а во значајна мера е поттикнат од буџетската потрошувачка. Истовремено, укажуваат и на високиот буџетски дефицит, но и дека стапката на невработеност останува иста, односно 11,3%, што според нив покажува дека пазарот на труд не реагира на растот на БДП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува.

-Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој.

-Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5

Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје.

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар.

Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари.

Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер