ФудбалИталијано конечно крена трофеј: Изгубив три финалиња, не сум ни помислил дека ќе успеам Италијано конечно крена трофеј: Изгубив три финалиња, не сум ни помислил дека ќе успеам веднаш со Болоња Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија, откако синоќа на Олимпискиот стадион во Рим го победија Милан со 1-0 во финалето. Единствениот гол го постигна Дан Ендој во 53-тата минута. Болоња го освои третиот Куп трофеј во историјата, но првиот по 51 година, односно по 1974 година. Тренерот на Болоња, Винченцо Италијано, не ја криеше својата среќа по освојувањето на трофејот. -По неколку разочарувања, мислам дека победата на Болоња беше заслужена. Исто така, затоа што одигравме одличен натпревар, а момците прикажаа неверојатна изведба. Во второто полувреме, одговоривме на сите потези на Милан, рече Винченцо Италијано. Само пет дена претходно, Болоња беше поразена од Милан (3:1) во Серија „А“, но тоа не влијаеше негативно на овој тим. -Оваа сезона направивме одличен пат до трофејот, сите заедно. Овие луѓе ја заслужија наградата. Што се однесува до мене, јас доаѓам од три финалиња што ги загубив со Фиорентина. Тоа се големи разочарувања, не мислев дека ќе успеам веднаш со Болоња. Го посветувам трофејот на семејството Бароне (директор на Фиорентина кој почина минатата година), рече Италијанецот.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФорбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата Списанието „Форбс“ проценува дека американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт станала најбогатата музичарка во историјата, со богатство од две милијарди долари.Списанието „Форбс“ проценува дека американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт станала најбогатата музичарка во историјата, со богатство од две милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Тејлор Свифт (36), пејачката зад мегахитовите како „Shake It Off“, станала милијардерка во 2024 година благодарение на турнејата „Eras“. Форбс ја прогласи за една од комерцијално најуспешните текстописци на сите времиња. Форбс, исто така, изјави дека нејзината турнеја станала најпрофитабилната концертна турнеја во историјата, со приходи од 2,2 милијарди долари, и дека ги искористила парите за да ги откупи своите оригинални снимки. Повеќегодишен спор околу правата на албумите На почетокот од нејзината кариера, Свифт потпишала договор со издавачката куќа „Big Machine“ и таму ги снимила своите први шест албуми. Како и обично, правата ѝ припаѓале на издавачката куќа, која во 2019 година ги продала за повеќе од 300 милиони долари на инвестициската компанија на поранешниот музички менаџер Скутер Браун. Свифт изјавила дека тоа се случило без консултации или нејзино одобрение. Следел повеќегодишен јавен спор, кој Свифт често го споменувала во своите песни. Во 2020 година, Браун ги продаде правата понатаму, овој пат на инвестициската фирма „Шамрок Капитал“ со седиште во Лос Анџелес, од која Свифт сега ги купи. Истата година, Свифт ја промени музичката индустрија кога почна повторно да го снима поголемиот дел од својата дискографија, при што авторските права ѝ припаднаа директно. Во 2025 година, Свифт објави дека ги купила правата за нејзините први шест албуми. Проценките на „Форбс“ не се секогаш точни Рангирањето на милијардери на „Форбс“ главно се базира на јавно достапни информации за средства, како што се акции, недвижнини, уметност и други луксузни стоки. Износите се сметаат за непрецизни и понекогаш се спорни.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија: Ги поддржуваме преговорите меѓу Иран и САД Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи.Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Известија“. Лавров: Вашингтон е одговорен за тензиите Шефот на руската дипломатија смета дека Вашингтон, иако ги препознава тензиите со Иран и е загрижен за ситуацијата, всушност не знае како да ја реши. „Секако, тие самите се првенствено одговорни за оваа ситуација“, додаде Лавров. Важноста на дијалогот и медијацијата „Сепак, без оглед на тоа, ние целосно ги поддржуваме преговорите што се водат на еден или друг начин меѓу официјалните лица во Вашингтон и Техеран со медијација на Пакистан“, нагласи тој. Лавров спомена дека Саудиска Арабија и Египет исто така се обидуваат да придонесат во процесот. „Многу е важно овие дијалози да продолжат“, рече тој. Како заклучок, тој повтори дека „секој постигнат договор мора да ги земе предвид интересите на Иран и неговите соседни земји“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеностДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам.За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска. ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина. Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани. Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци. ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат. Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност. Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа, рече на прес конференција, Шабан Алајбегу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook