Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови
2Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови
3Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка
ЖивотИталијанците бесни од развратната туристка која симулира секс со римско божество„УАПСЕТЕ ЈА! Италијанците бесни на непристојната, невоспитаната и развратна туристка која симулира секс со римско божествоФотографија на туристка која имитира секс со статуа на римското божество Баха во Фиренца, предизвика бес во Италија. На фотографиите споделени на социјалните мрежи на профилот наречена „Добредојдовте во Фиренца“, може да се забележи девојка која ноќе се качила на статуата и симулирал секс со статуата . Оваа статуа на Баха во близина на познатата Понте Векио е модерна реплика на делото од 16 век на скулпторот Џамболоња. Оригиналот се чува во блискиот музеј Бардело. Инаку, фотографиите предизвикаа гневни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, од кои некои побараа и апсење на развратната девојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридорМакедонија и официјално се приклучи кон вертикалниот гасен коридор. Откако министерката за енергетика Божиновска денеска во Солун потпиша меморандум за соработка. Со приклучувањето кон овој коридор, како што нагласи Божиновска, земјата треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаМицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долговиЗаемите на ЈПДП се рамковни и не се повлекуваат одеднаш, туку постепено во зависност од реализацијата на проектите и доставените фактури. Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од СДСМ дека 350 милиони евра обврски на претпријатието не се прикажани во јавниот долг. За планираното задолжување од 1,3 милијарди евра пак, Мицкоски посочи дека не е дел од годинашниот ребаланс, бидејки се однесува на задолжување на меѓународниот пазар и еврообврзница што треба да се издаде во 2027 година, пред се за отплата на стари долгови. -Јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада За премиерот, показател за добрите економски политики на владата се и најновите податоци на статистика, кои покажуваат дека БДП во вториот квартал од годинава пораснал за 4,3%. Мицкоски вели дека тоа е еден од највисоките резултати во Европа, во услови кога растот во ЕУ е 1,2% , а во еврозоната 1%. - Јас ќе си стојам до мојот став дека ова е еден од четирите во моментот најголем раст на бруто домашен производ и во првата половина од годината, но и во второто тромесечие, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5%.. Пред нас уште се Малта и Данска. Еве ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, жалам.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада По објавата на последните статистички податоци, од Фајнанс тинк во најновата анализа оценуваат дека економската активност забрзува, но предупредуваат дека растот е главно воден од домашни фактори, а во значајна мера е поттикнат од буџетската потрошувачка. Истовремено, укажуваат и на високиот буџетски дефицит, но и дека стапката на невработеност останува иста, односно 11,3%, што според нив покажува дека пазарот на труд не реагира на растот на БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаМажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметкаТепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува. -Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој. -Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5 Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07