Италија во шок: Во сообраќајка загина новата ѕвезда на брзото лизгање и нејзиното момче

Младата лизгачка на мраз, 18-годишната Ели Матиусо и нејзиното момче Даниеле Воланти, исто така 18- годишен, загинаа во страшна сообраќајна несреќа во саботата во Сан Марино во која учествувале уште две возила, објави „Дејли мејл“.

Ели и Даниеле биле во Фиат 500 кога преминале на спротивната страна од патот. Засега не е познато како изгубиле контрола над автомобилот, но се претпоставува дека пред кобната несреќа го закачиле рабникот.

За да биде потрагично, уште две возила удриле во веќе уништениот автомобил. Еден од тие возачи поминал само со полесни повреди, а другиот целосно неповреден.

Брзата помош брзо се појавила, но младиот пар не можел да се спаси.

Ели и Даниеле се познавале долго време и заедно оделе на училиште во градот Ричионе во близина на Сан Марино. Ели била многу талентирана лизгачка и во 2019 година учествувала на Светското првенство за јуниори.

Санкционирани 29 возачи поради непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 7 до 11 часот била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи.

На сите прекршители, како што посочуваат од МВР, изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Арсовска: Договорот им е прекинат на лица кои не се појавувале на работа

Договорот им е прекинат на лица кои не ги извршувале работните обврски и не се појавувале на работа.

Тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Се работи за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговорајќи на новинарски прашања за отпуштањето од работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“.

Во однос на добиените закани кои градоначалничката ги доби изминатиов период поради прекинување на договорот на овие лица, таа посочи дека тие не смеат да се дозволат во едно општество.

Според Арсовска, доколку некој смета дека овие лица треба да бидат поддржани во тоа да не доаѓаат на работа и да не ги извршуваат работните обврски, тој треба да излезе и јавно да го каже тоа.

-Ние, својот мандат го имаме добиено од граѓаните, да им се испорачуваат најдобрите можни услуги и притоа да нема непродуктивни трошења на лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски. На крајот, одговорноста за тоа дали работата се завршила како што треба или не, е наша, а оние лице кои не доаѓаат на работа сметам дека треба да наидат на силна осуда во општеството, рече Арсовска.

Напомена дека ќе продолжат со вакви реформи и во следниот период, а како што рече, одговорност треба да има и за оној кој дозволил со години некој да седи на работното место и ништо да не работи.

Србија: Дадилка го киднапирала бебето што го чувала

Полицијата во Крушевац, Србија поднесе кривична пријава против 35-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело киднапирање малолетно лице.

Жената е осомничена дека го однела бебето старо 40 дена, кое повремено го чувала, кај своето момче, пишува „Новости“.

Таа го изнела детето на прошетка и не го врати во договореното време.

Мајката на детето утрово пријавила дека бебето исчезнало и во полиција рекла дека бебиситерката ја пронашла преку Фејсбук. Таа им кажала и дека мобилниот телефон на 35-годишниот е недостапен.

„Сите расположливи полициски сили веднаш тргнаа во потрага по бебето и набрзо беше пронајдено во куќата на момчето на 35-годишната жена“, соопштија од полицијата.

Бебето е пронајдено без никакви повреди, а полицијата продолжува да работи на околностите на случајот.

притисни ентер