3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
СветИталија во шок: Масакрирано тело на маж виси од банкина на автопат во близина на Трст (ВИДЕО)Над банкина на автопатот кај Трст е пронајдено осакатено тело на непознат маж.Мажот утрово бил пронајден врзан и со врзани очи. Тој имал рани по телото и видливи знаци на тортура. Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено обесено над заштитната ограда од надворешната страна на патот. Телото случајно го откриле работници за одржување. Жртвата е на возраст од 40 до 50 години. Наводно на черепот се видливи кружни изгореници. Вратот на мажот бил врзан за заштитната ограда со јаже, а нозете му биле врзани со самолеплива лента. Носел црна маица и каки панталони. Јажето наводно било прицврстено со штипки на заштитната банкина. Во близина е пронајдена и лента која најверојатно била користена за врзување на нозете. Состојбата на телото сугерира дека тоа било таму најмалку неколку дена. Жртвата не е од темна раса, иако не е исклучено да е со темна боја. Засега не се знае дали се работи за италијански или странски државјанин. Местото на злосторството и начинот на кој телото било обесено, како што пишуваат италијанските медиуми, наведува на заклучок дека станува збор за јасна порака што убиецот или убијците му ја испратиле на некој друг. Телото го извадиле пожарникарите со помош на скала, пишува италијанска Ла Република. Пристигнала екипа на цивилна заштита која поставила теренски шатор за да може телото да биде прегледано. Истрагата започнала со прегледување на снимките од камерите поставени покрај автопатот, по кои за неколку минути се преминува границата со Словенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook