Италија отвори истрага против сопственикот на Фејсбук

Италијанскиот регулатор за конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на Фејсбук, Мета.

Регулаторот тврди дека Мета ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела.

Италијанското друштво SIAE претставува актери, танчери и други уметници и преговарал за лиценца со Мета за користење на нивните дела на платформите како Facebook и Instagram. Платформите на Мета преговараат со компании кои ги застапуваат уметниците за условите за објавување на нивните дела и за плаќање на хонорарите.

Договорот меѓу Мета и СИАЕ истекол во јануари, а преговорите за негово продолжување заглавија, а на крајот на март Мета ја забрани музиката на уметниците претставени од компанијата на своите платформи. Музиката на членовите на италијанското друштво повеќе не е достапна ниту во постарите објави.

Според гледиштето на регулаторот, Мета ја искористила економската зависност на СИАЕ и ѝ наштетила на нејзината конкурентност. Надлежните забележуваат дека Мета ги спречил музичарите на СИАЕ да ги промовираат своите дела и на други социјални мрежи.

Американската компанија е подготвена да соработува со италијанските власти, изјави вчера портпаролот на Мета, додавајќи дека сака да постигне договор што ќе им одговара на двете страни.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер