МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
КошаркаИталија нов предизвик за македонските кошаркариПо вчерашниот триумф над Полска, најдобрата машка кошаркарска репрезентација вечерва ќе игра против Италија во натпревар од 2.коло на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија„.За избраниците на селекторот Александар Џикиќ репрезентацијата на Италија ќе биде нов испит за проверка на квалитетите и моменталната форма на играчите кои се подготвуваат за претстојниот циклус квалификации за Европското првенство 2015 година. Иако досега нашите кошаркари имаат четири победи во исто толку одиграни контролни натпревар (Австрија, Романија, Грузија и Полска), сепак „Азурите„ се првиот вистински предизвик имајќи го во предвид квалитетот на тимот со кој располага Италија. Натпреварот Македонија – Италија ќе се ига во терминот од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ додека од 17 часот и 30 минути ќе играат Полска и Црна Гора. Потсетување дека квалификациите за Евробаскетот 2015 год. почнуваат на 10 август, а Македонија е во група со Белгија, Естонија и Данска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧаир доби 20 нови клупи за граѓанитеОпштина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook