Италија: Министерство за одбрана спроведува безбедносни мерки поради погребот на папата - Канал 5

Италија: Министерство за одбрана спроведува безбедносни мерки поради погребот на папата

Италијанското Министерство за одбрана спроведува засилени безбедносни мерки поради погребот.

Италија: Министерство за одбрана спроведува безбедносни мерки поради погребот на папата

Од патроли на реката Тибар до беспилотни летала за надзор и снајперисти распоредени околу плоштадот „Свети Петар“, Рим се подготвува со поставување целосно модерен безбедносен штит за време на погребот на папата Франциск, на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 200.000 луѓе.

Италијанското Министерство за одбрана спроведува засилени безбедносни мерки поради погребот со распоредување системи против дронови, борбени авиони „Еурофајтер“ и воен брод разурнувач покрај брегот на Фјумичино, соопштија официјални претставници.

Тие изјавија дека покрај системот против беспилотни летала, ќе бидат распоредени и борбени авиони и разурнувач покрај брегот на Фјумичино во централниот италијански регион Лацио, во кој спаѓа и Рим, за да се осигури воздушната и поморската безбедност на целиот регион, објави италијанската новинска агенција АНСА. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лажна професорка му земала 3.400 евра на тетовец- го измамила со сообраќајка во Франција

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. 

Лажна професорка му земала 3.400 евра на тетовец- го измамила со сообраќајка во Франција

Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување.

Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали државата е подготвена за посериозна реформа на пензискиот систем?

Дали државата е подготвена за посериозна реформа на пензискиот систем, по алармантните податоци за состојбите во првиот и вториот пензиски столб? 

Дали државата е подготвена за посериозна реформа на пензискиот систем?

Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија кој обелодени милионски долгови и доцнења на ⁠Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кон приватните пензиски друштва и здравствениот сектор, како и проекциите на гувернерот Трајко Славески за несугрната иднина на идните пензионери, предизвика сериозни бранувања и загриженост во јавноста околу долгорочната стабилност на пензискиот систем.

Спас од ваквата состојба, економскиот аналитичар и поранешен минстер за финаснии Кирил Миновски гледа во реформа на пензискиот систем. Тој објаснува дека би требало да го следиме примерот на Хрватска која веќе го напушта системот со три пензиски фондови. Според него, голема е веројатноста во иднина да се исцрпат средствата од вториот пензиски фонд, а младите кои уплатувале да бидат вратени во првиот столб, а со да им биде загарантирана само минимална пензија.

„Реформите што беа направени во 2004 година со воведувањето на тростолбниот пензиски систем, во кој се сметаше дека со воведувањето на задолжителното капитално пензиско осигурување, средствата на осигурениците ќе бидат оплодувани на начин што ќе се обезбедат одржливи пензии, се покажа дека од оваа времеска дистанца не се оплодуваат во доволна мера, и голем дел од државите кои ги применија истите тристолбни реформи, веќе ги напуштија. Еден од примерите е Полска, исто и Хрватска. Последните показатели очигледно покажуваат дека ќе се јави проблем кај сите идни корисници на пензија.

Решенијата не се едноставни, во Полска на пример одеа во национализација на приватните пензиски фондови, а додека во Хрватска се примени модел на доброволност. Се разбира оваа реформа не се прави преку ноќ, треба да се направат сеопфатни подготовки и секој осигуреник и иден пензиски корисник ќе има адекватна можност да процени во која насока и што е поповолно за секој од него.“ – вели Кирил Миновски- економски експерт.

Според законските правила, доколку збирот од двата столба е под најниската пензија, државата има обврска да ја покрие разликата.

Сепак, иако бројките за буџетскиот дефицит на Фондот изгледаат алармантно, директорот на ПИОМ, Никола Мемов, во изјава за Канал 5, смируваше дека граѓаните немаат причина за паника.

Официјалната бројка од извештајот на Државниот завод за ревизија вели дека буџетската дупка во ПИОМ изнесува 36,71 отсто. Според официјалните податоци објавени од ревизорите, во текот на последната фискална година, изворните приходи од придонеси изнесувале 71,4 милијарди денари, додека расходите за пензии надминале 90,2 милијарди денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец измамил гостиварец- му земал 1.200 евра за возачка дозвола без да полага

43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама“.

Скопјанец измамил гостиварец- му земал 1.200 евра за возачка дозвола без да полага

На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама“. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје.

На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта.

Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но бидејќи ветената возачка дозвола не му била дадена, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер