ЕвропаИталија го укина Шенгенот со ШпанијаИталија објави дека го суспендира безграничниот Шенген режим на Европската Унија со Шпанија како одговор на масовните преминувања на мигранти во шпанската енклава Сеута.Иако Италија нема копнена граница со Шпанија, мерката ќе влијае на луѓето што патуваат меѓу двете земји со авион или брод. Италијанското Министерство за внатрешни работи во соопштението наведува дека се договорило и со Париз за зајакнување на контролите по копнената граница меѓу Франција и Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНавивачка акција во Мадрид- низ целиот град е пречкртан бројот 19 (ФОТО)Навивачите на Атлетико Мадрид очигледно немаат трпение со Хулијан Алварез. Од утрово, околината на клупскиот тренинг центар во Мајадахонда беше облепен со пораки насочени против една од најголемите ѕвезди на тимот. На столбовите околу тренинг центарот се појавија натписите „Хулијан фуера“, односно „Хулијан, замини“, како и симбол на сообраќаен знак со вкрстениот број 19, кој Алварез го носи на дресот на Атлетико Мадрид. Фотографиите ги објавија и шпанските медиуми, меѓу нив и Мундо Депортиво. Дел од навивачите многу јасно ставија до знаење што мислат за неговата желба да го напушти клубот ова лето. Реакцијата не дојде ненадејно. Односот меѓу Алварез и дел од навивачите беше нарушен за време на Мундијалот, кога Аргентинецот јавно објави дека сака да го напушти Атлетико. „Мислам дека трансферот би бил најдобар за сите. Сакам да го остварам мојот сон“, изјави тогаш Алварез. Тој не го кажа името на Барселона, но во Шпанија немаше многу сомнеж за кој клуб станува збор. Веќе еден ден по неговата изјава, Мундо Депортиво пишуваше за навивачите на Атлетико кои се снимаа како го палат неговиот дрес. 🚨 𝗔 𝗠𝗘𝗦𝗦𝗔𝗚𝗘 𝗙𝗥𝗢𝗠 𝗧𝗛𝗘 𝗔𝗧𝗟𝗘́𝗧𝗜𝗖𝗢 𝗙𝗔𝗡𝗦… 📷 ️ Atlético Madrid fans have put up signs outside the club’s training complex this morning with a clear message for Julián Alvarez: “𝗝𝗨𝗟𝗜𝗔́𝗡 𝗙𝗨𝗘𝗥𝗔” (Julián OUT) and “𝟭𝟵🚫” 👀 pic.twitter.com/HEuE92ZxbY — 433 (@433) August 21, 2026 Тој ја сака само Барселона, а Атлетико нема да го пушти таму Сага оттогаш стана една од најголемите зделки во овој преоден рок. Барселона го сака 26-годишниот аргентински напаѓач, Алварез ја сака Барселона, но Атлетико одбива да преговара за негова продажба на директен ривал. Според информациите на Кадена СЕР, понудата на Барселона била околу 100 милиони евра. Атлетико не го прифати, а извршниот директор Мигел Анхел Гил Марин во текот на летото јавно објави дека клубот нема да прифати 100, 150 или 200 милиони евра за Алварез. Неговата откупна клаузула изнесува 500 милиони евра, а договорот му трае до 2030 година. Дополнителен проблем за сите инволвирани се појави изминативе денови. Во петокот, AS ја опиша ситуацијата како „неповратна“ и објави дека Алварез ја отфрлил можноста за преселба во Арсенал. Се вели дека спортскиот проект на англискиот шампион и финалист во Лигата на шампионите од минатата сезона е привлечен за него, но Алварез не сака повторно да живее во Англија. Според АС, важна причина е неговото семејство и проблемите што би ги имале неговите членови со визите и подолг престој во таа земја. Тој имаше слични тешкотии за време на неговиот престој во Манчестер Сити. Неговата желба е Барселона. Проблемот е што ова е единствениот клуб на кој Атлетико категорично одбива да го продаде. Тој не одби да тренира Шпанскиот AS донесува важен детал поврзан со однесувањето на Алварез во текот на целата сага. Наспроти тврдењата кои се појавија во дел од странските медиуми, Аргентинецот не се декларира како незадоволен играч кој одбива да ги исполни своите обврски. АС наведува дека по Светското првенство се вратил во клубот токму кога било договорено и дека немало бојкот на тренинзите или бунт. Тој во изминатите 11 дена тренира нормално во Мајадахонда, иако шпанскиот весник го опишува неговото расположение како сериозно и прилично мрачно. Алварез разговарал и за својата ситуација со Диего Симеоне. Кадена СЕР извести дека средбата била мирна. Напаѓачот му повтори на тренерот дека би сакал да си замине доколку се отвори можност за трансфер, додека Симеоне одговори дека клубот смета на него и дека стручниот штаб ќе му помогне во спортскиот дел. Тој претходно имаше сличен разговор со спортскиот директор Матеу Алемани. Одговорот беше ист: Атлетико смета на него, а вратата на Барселона останува затворена. Кадена СЕР нагласува дека Алварез нема намера да предизвика конфликт за да изнуди трансфер. Соиграчите се со него, но сметаат дека треба да им се извини на навивачите Интересно е и расположението внатре во соблекувалната. Кадена СЕР објави дека Алварез има поддршка од соиграчите, но и дека дел од тимот смета дека треба јавно да им се извини на навивачите поради начинот на кој започна целата приказна за време на Мундијалот. Алварез веќе им призна на соиграчите дека направил грешка во начинот на кој се справил со целата приказна околу Барселона и им порача дека се додека е член на Атлетико ќе биде целосно посветен на тимот. Првиот вистински тест за неговиот однос со трибините допрва доаѓа. Алварез не беше во составот за победата од 2-0 против Малага во првото коло од Ла Лига, но причината, според Симеоне, не бил пеналот. Нему му треба уште малку тренинг за да биде во најдобра состојба. Тој е нашиот најдобар офанзивен играч“, изјави Симеоне пред натпреварот. По Светското првенство, Алварез подоцна се приклучи на подготовките и се уште не беше доволно подготвен за игра. AS пренесува дека тој би можел да биде во тимот во недела против Виљареал на Метрополитен. Доколку игра, тоа ќе биде негова прва средба со навивачите на Атлетико од летото на која јавно побара да си замине. Пораките што се појавија околу тренинг центарот во петокот даваат прилично добар показател за тоа каков дочек би можел да го чека.Тагови: Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСите мислеле дека е безвредна глава од лисица, а тој ја платил 73.000 евра: Ова е изумрен лав! (ВИДЕО)Колекционер од Есекс верува дека го спасил она што го нарекува „Светиот Грал“ откако на аукција купил препариран примерок од одамна изумрено животно .Необичната препарирана глава била понудена за само 58 евра минатата недела и била опишана како „стара лисица“. Сепак, Џејмс Кренфилд знаел дека е нешто „многу повредно“ и го повикал својот пријател да му помогне да ја обезбеди добитната понуда од 73.000 евра! „Не кријам ништо“ „Никогаш нема да најдам ништо подобро“, рекол 38-годишникот, кој планира да го изложи примерокот во својот музеј „Cranfield's Curiosity Cabinet“. „Сакам да биде достапен за академици и луѓе од научната заедница. Исто така, би сакал да биде изложен, во соодветни институции или музеи. Не кријам ништо. Го спасив од заборав“, додаде тој. Дури по подетален поглед, Кренфилд сфатил што има пред себе, објавува Би-Би-Си. View this post on Instagram A post shared by James Cranfield, B.Sc. (hons) (@thetaxidermist) Крај на еден вид во зоолошката градина Ова е препарирана глава на тасмански тигар (Thylacinus cynocephalus), животно кое изумрело пред околу 90 години. Видот бил доведен до истребување поради лов, болести и уништување на живеалиштата, а последниот познат примерок умрел во зоолошката градина во Хобарт во 1936 година. Кранфилд првично планирал да го додаде примерокот во својата колекција од 200 препарирани глави од лисици, сè додека не погледнал подетално. „Помислив: „Тоа не е лисица“, а потоа, како гром од ведро небо, ме погоди“, рече тој. View this post on Instagram A post shared by James Cranfield, B.Sc. (hons) (@thetaxidermist) Морал да ги изброи секачите! За време на десетдневното истражување пред аукцијата, забележал дека на главата ѝ недостасува заб од секачот карактеристичен за лисици, кучиња или чакали. Откритието го натерало него и неговата свршеница да патуваат три и пол часа до аукциската куќа во Бристол, каде што сакал да направи последна проверка - да ги изброи секачите. Шест секачи би биле разочарување, додека осум би укажувале дека станува збор за тасмански тигар! „Ѝ дадов знак на Франческа дека е вистински. Влеговме во автомобилот и реков: „Ова е неверојатно, ова е Светиот Грал, мора да го освоиме“, откри тој. Дали има уште една глава? Кога аукционерот го спушти чеканот, Кренфилд вели дека „речиси се онесвестил“. Тој и денес останува емотивен кога зборува за поддршката што ја добил од неговата свршеница Франческа и пријателите. „Како човек кој не е особено богат, одеднаш помислив: „Тоа се многу пари“. Но, знаев дека го направив правилното“, рече тој. Кренфилд тврди дека постои уште една препарирана глава од ова изумрено животно, но никој не знае каде е.Тагови: лисица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветТурција му се нафрли на Нетанјаху- бара за него црвена потерница од Интерпол Турција денеска објави дека ќе побара од Интерпол да издаде црвена потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Овој потег е дел од домашен кривичен случај поради напади врз активисти кои се обидоа да достават хуманитарна помош во Газа, објави Ројтерс. Турција, членка на НАТО, остро ги критикуваше нападите на Израел врз Газа и претходно издаде домашни потерници за Нетанјаху поради војната во енклавата. Анкара постојано повикуваше на меѓународна акција против Израел за она што го нарекува кршење на човековите права и меѓународното право, обвинение што Израел го отфрла. Новиот правен чекор беше поттикнат од инцидентот во мај кога израелските сили отворија оган врз најмалку два брода од флотилата „Глобал Сумуд“ во меѓународни води. Тоа беше уште еден обид за доставување хуманитарна помош во Газа откако Израел претходно блокираше слични мисии. Турскиот министер за правда Акин Гурлек потврди на социјалната мрежа X дека се издадени потерници за Нетанјаху и уште еден осомничен. Како дел од постапката против вкупно 35 лица за пресретнување бродови во меѓународни води, тие се обвинети за геноцид, злосторства против човештвото и тортура. „Врз основа на издадените налози за апсење против Бенјамин Нетанјаху, нашето Министерство за правда побара од Министерството за внатрешни работи да издаде црвени потерници на Интерпол за нив, за да можат да се бараат на меѓународно ниво“, рече Гурлек. Тој исто така рече дека Турција ќе ги искористи сите законски механизми за да го повика Израел на одговорност за неговите злосторства во Газа. Turkey to seek Interpol notice for Netanyahu in Gaza flotilla case https://t.co/XfM0kWiEZl — The Straits Times (@straits_times) August 21, 2026 Црвената потерница е барање до полициските сили ширум светот да лоцираат и привремено да притворат лице во исчекување на екстрадиција. Интерпол го разгледува секое барање од земја-членка пред да одлучи да издаде потерница. Gazze’ye insani yardım ulaştırmak amacıyla yola çıkan Küresel Sumud Filosu aktivistlerine uluslararası sularda gerçekleştirilen saldırıya ilişkin yargı süreci kararlılıkla devam etmektedir. İstanbul 11. Ağır Ceza Mahkemesinin 2026/108 Esas sayılı dosyasında, aralarında Binyamin… — Akın Gürlek (@abakingurlek) August 21, 2026 Израелски одговор Кога беше прашан за изјавата на Гурлек, кабинетот на Нетанјаху рече: „Патетичниот обид на турскиот претседател Таип Ердоган да ги заплаши лидерите и војниците на Израел, единствената вистинска демократија на Блискиот Исток, нема да успее“. И Сирија се заострува Односите меѓу Турција и Израел се затегнаа и оваа недела поради Сирија. Израел изврши воздушни напади врз воздухопловна база каде што, според израелските тврдења, би можеле да бидат распоредени турски сили. Тој напад беше осуден од Анкара и критикуван од САД. Сирија објави дека не планира да стационира турски војници во таа база. Израел е вознемирен од турското влијание во Сирија, каде што Анкара е сојузник на претседателот Ахмед ал-Шара, кој го собори долгогодишниот лидер Башар ал-Асад во 2024 година. Од друга страна, Анкара тврди дека реториката и потезите на Израел во Сирија се мотивирани од претстојните парламентарни избори во Израел, закажани за октомври.Тагови: Бенјамин Нетанјаху турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter