Исус покренат со ВИ во црква во Швајцарија - Канал 5

Исус покренат со ВИ во црква во Швајцарија

Капелата „Свети Петар“ - мала и не премногу раскошна црква којашто се смета за најстара во швајцарскиот град Луцерн, го инсталираше Исус Христос покренат со вештачка интелигенција. 

Исус покренат со ВИ во црква во Швајцарија

Програмата, позната како „Бог во Машина“ (Deus in Machina), е инсталирана во август како најнов чекор во повеќегодишната соработка за тридимензионална реалност со тамошната Универзитетска истражувачка лабораторија. Инсталацијата зборува 100 јазици.

- Тоа беше вистински експеримент. Сакавме да видиме и да разбереме како луѓето ќе реагираат на Исус покренат со ВИ. За што би разговарале со Него? Дали би имало интерес да разговараат со Него? Веројатно сме пионери во ова, вели теологот Марко Шмид.

По проектите коишто експериментираа со виртуелна и проширена реалност, црквата одлучи дека следниот чекор е да инсталира тн. аватари.

- Дебатиравме каков аватар би бил тоа - теолог, личност или светец? Но, тогаш сфативме дека најдобра фигура ќе биде самиот Исус, рече Шмид.

По обуката на ВИ-програмата и полнењето со теолошки написи, посетителите се поканети да му поставуваат прашања на Исус (инсталацијата), со одговори прикажани на екран. Тој одговара во реално време, нудејќи одговори генерирани со ВИ.

Луѓето се советувани да не откриваат никакви лични податоци. - Тоа не е исповед. Немаме намера да имитираме признание, дообјасни Шмид.

За време на двомесечниот период на експериментот, повеќе од 1.000 луѓе - вклучувајќи и муслимани и туристи од Кина и Виетнам - ја искористија можноста да комуницираат со аватарот. По испитувањето потоа, две третини од посетителите сметаат дека тоа е духовно искуство.

- Значи, можеме да кажеме дека тие имаа „религиозно-позитивен“ момент со овој Исус покренат со ВИ. За мене, тоа беше изненадување, истакнува Шмид.

Експериментот, исто така, предизвика критики во црковната заедница. Некои католички свештеници протестираа поради употребата на исповедалницата. Протестантите, пак, е против употребата на слики на ваков начин. Шмид вели оти црквата спроведе тест со 30 луѓе пред да го постави аватарот. По почетокот на проектот, таа се погрижи поддршката за верниците секогаш да биде достапна.

- Никогаш не добивме впечаток дека (инсталацијата) зборува чудни работи. Но, се разбира, не можеме да гарантираме дека нема да каже ништо чудно, рече Шмид.

На крајот, токму оваа неизвесност го навела да одлучи дека аватарот засега ќе остане само привремен експеримент.

- Тоа е навистина едноставна и достапна алатка со којашто може да зборувате за религијата, христијанството, христијанската вера... Може да се преобрази во еден вид повеќејазичен духовен водич којшто ќе може да одговори на религиозни прашања, рече Шмид.

За свештеникот, големиот интерес што инсталацијата го предизвика, покажува дека „луѓето сакаат да одат подалеку од Библијата“, тајните и обичаите. - Мислам дека има потреба да се разговара со Исус. Луѓето сакаат да добијат одговор, сакаат зборови. Сакаат да слушнат што Тој вели, појасни свештеното лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусот

Планот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе биде во фоксуот на посетата на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на три дневната балканска турнеја. 

Фон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусот

Европската Комисија потврди дека Лајен од 30-ти септември тргнува во посета на Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агендата, Скопје најверојатно ќе го посети на втори октомври.

-Таа ќе се фокусира на следните чекори од европскиот пат на нашите партнери и на актуелниот напредок за постепена интеграција, помогнат од планот за раст за Западен Балкан. , изјави Ариана Подеста, портпаролка на ЕК.

Посетата на Лајен во регионот, во чии рамки нема да ги посети Белград и Сараево поради како што појаснија изборната кампања таму, ќе се совпадне со периодот кога Европската Комисија ќе ја објави новата стратегија за проширување, предвидена за 30-ти септември. Хрватскиот европратеник и известувач за Србија, Тонино Пицула открива дека на маса се дури 12 нон пејпери, од кои до 30-ти септември треба да произлезе еден конкретен документ.

-Тогаш ќе видиме дали оние најави за некои иновации во политиката на проширување, дали новите членки на ЕУ на почетокот ќе бидат лишени од правото на вето на заедничките одлучи кои се веќе донесени. Ќе бидат ли тие фиксирани во некаков конкретен предлог. Тоа нема да биде прв пат, се сеќавам на 2019-та година кога Македонија уште еднаш, поради францускиот притисок заобиколена, а потоа Комисијата по шест месеци излезе со новата методологија на преговарање со кластери, изјави Тонино Пицула, европратеник од Хрватска.

Она што е сосема извесно е дека документот ќе содржи три суштински работи – постепено членство, со пристап до европскиот пазар, нова методологија и построга контрола на земјите кандидатки. Она што најмногу ги плаши поддржувачите на проширувањето е од помпезно најавуваната реформата да произлезе членство во ЕУ од втор ред.

-Тоа би изгледало како „ве каниме на роденден, но не смеете да ја пробате тортата. Значи не можете некого да поканите, а да не смее ништо да каже. , изјави Сунчана Главаш, европратеничка од Хрватска.

Еврокомесарката Марта Кос вчера го повтори ставот на Брисел дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени, а дека потоа очекува да биде поддржана од Бугарија во преговарачкиот процес. И додека Европската Унија ја живее најдолгата пауза без проширување од основањето, Канада преку ноќ доби отворена врата да стане првата придружна членка на Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Македонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија.

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица.

-Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа.

-За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ.

И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји.

Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата.

Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион.

Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран.

Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари.

Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер