ЗдравјеИстражување: Заразените со делта сојот имаат многу поголемо количество вирусиЛуѓето заразени со делта варијантата на коронавирусот имаат 300 пати повисоко вирусно оптоварување од оние со оригиналната варијанта, покажала јужнокорејска студија.Сепак, постепено се намалува со текот на времето, до 30 пати е повисоко за четири дена и над 10 пати за девет дена, и се совпаѓа со вирусното оптоварување кај другите варијанти на вирусот по 10 дена, соопшти денеска Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA). Повисокото вирусно оптоварување значи дека вирусот се шири многу полесно меѓу луѓето, зголемувајќи го бројот на заразени и хоспитализирани, рече на прес-конференција службеникот на Министерството за здравство, Ли Санг-вон. „Но, тоа не значи дека варијантата делта е 300 пати повеќе заразна ... Мислиме дека нејзината стапка на репродукција е 1,6 пати поголема од алфа варијантата, и околу двапати повисока од оригиналната варијанта“, рече тој. Варијантата делта за првпат е идентификувана во Индија, а алфа во Британија. Истражувачите го споредиле вирусното оптоварување кај 1.848 пациенти заразени со варијантата делта со вирусното оптоварување на 22.106 лица заразени со други варијанти. Јужна Кореја вчера пријавила 1,509 нови инфекции, со што бројот се искачил на 239,287, при што починале 2,228 луѓе. Со првата доза се вакцинирани 51,2 проценти од 52 милиони жители, а 23,9 проценти се целосно вакцинирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата љубов на Никол Кидман? Мегапопуларната актерка, холивудската ѕвезда Никол Кидман има ново момче ? „Уловена“ во „Ферари“ со американски инвеститор.Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула. Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон. Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот. Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс. Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години. Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол. Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта. Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано. Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Шоу бизЏорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожарПознатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото. Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати. – Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35