ЗдравјеИстражување: Заразата со корона е три пати помала меѓу вакцинираните Целосно вакцинираните луѓе во Англија имаа три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните, според британското истражување објавено денеска.Ова е студија на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули. Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесувал 1,21 проценти , а кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала. Сепак, некои британски претставници и научници повикале на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории. Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот. Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјал Колеџот и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција. „Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сеуште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сеуште можат да го добијат вирусот“, рече тој. „Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде Елиот. Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавувањето на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвиделе големо зголемување на бројот на заразени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа. Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook