Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција - Канал 5

Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција

- Треба да работиме заедно за да го зачуваме чистиот воздух - бидејќи ова е еден од најважните чекори во спречувањето на деменцијата, нагласи Досон.

Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција

Научници од Соединетите Американски Држави дојдоа до заклучок дека ситните честички во загадениот воздух можат да предизвикаат појава на тешки облици на деменција, и да го забрзаат нивниот развој, преку предизвикување токсични протеински грутки, коишто ги уништуваат нервните клетки додека се шират низ мозочното ткиво.

Истражувањето на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, проучува податоци од повеќе од 56,5 милиони пациенти во САД - меѓу 2000 и 2014 година. Написот, објавен во научното списание „Сајенс“ (Science), се темели на претходни истражувања каде што ПМ-2,5 честички биле пронајдени и во мозокот на луѓе со Алцхајмерова болест, а нивното присуство е поврзано со пад на интелектуалните способности. Во таа смисла, се истакнува и деменцијата со тн. Левиеви тела - вториот најчест вид деменција по Алцхајмеровата болест.

- За разлика од возраста или наследноста, загадувањето на воздухот е модифицирачки фактор на ризик. Главната порака на нашиот труд е тоа дека политиките за чист воздух се исто така политики за заштита на здравјето на мозокот, изјави д-р Сјаобо Мао, невролог и водечки истражувач во овој научен труд.

Долготрајната изложеност на ПМ-2,5 честички - помали од 2,5 илјадити делови од милиметарот, коишто можат да навлезат длабоко во белите дробови, крвотокот, па дури и во мозокот, значително ја зголемува опасноста од оваа болест, тврдат истражувачите. Според наводите, кај луѓето кои живеат во подрачја со повисоки концентрации на ПМ-2,5 честички, има значително поголема опасност од развој на деменција со Левиеви тела. Експериментите врз глувци ги потврдиле овие наоди - животните изложени на честичките доживеале губење на нервните клетки, намалување на мозочната маса и пад на умствените способности.

Професорот Тед Досон, еден од соавторите на испитувањата, вели дека има „убедливи докази“ што го поврзуваат загадувањето на воздухот со овој вид деменција.

- Треба да работиме заедно за да го зачуваме чистиот воздух - бидејќи ова е еден од најважните чекори во спречувањето на деменцијата, нагласи Досон.

Научниците предупредуваат дека овие наоди имаат сериозни импликации за глобалното јавно здравје. Бидејќи загадувањето на воздухот е фактор што може да се контролира, намалувањето на емисиите од сообраќајот и индустријата, подоброто контролирање на шумските пожари и ограничувањето на употребата на дрво во домаќинствата би можеле значително да ја намалат инциденцата на невродегенеративни заболувања ширум целиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо.

Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс.

Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања.

Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните, надлежните веднаш ги демантираа, водата во Скопје е безбедна за пиење.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење.

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните.

СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.

За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Семејството на малолетната Кристина од Охрид поминува низ тешки моменти, откако девојката е пријавена за исчезната.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Малолетната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзините блиски.

Според информациите, таа последен пат контактирала со семејството вчера околу 16:00 часот. При излегувањето од дома била облечена во црна маица и широки фармерки.

Случајот е пријавен во полиција, а семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење, да помогнат.

Информациите може да се пријават на 075/238-015 и 075/238-017, или во најблиската полициска станица.

Секој детал може да биде важен.

Извор/Фото: Охрид прес

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер