Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
1Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
ЖивотИстражување за поврзаноста меѓу исхраната и долговечностаНајдолговечните луѓе во светот се смета дека живеат во подрачјата на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија - тн. „сини зони“. Луѓето на овие места се предмет на бројни испитувања оти често живеат до 100 години.Занимливо, научниците забележале многу сличности меѓу животниот стил на луѓето во овие земји, при што исхраната е главен дел од сѐ тоа. Тим истражувачи предводени од Ден Буетнер спроведоа сеопфатно проучување на овие долговечни култури и составија водилка со совети за храна што може лесно да се следи. Во прилог се прикажани пет едноставни правила за исхрана. Рибата е дозволена, но во умерени количини И најдолговечните луѓе се одлучуваат за риба, но поретко, велат стручњаците за долговечноста. На стогодишник му се доволни до три мали порции неделно. Повеќето од луѓето што се доближиле до бројот 100 јадат мала риба, како што се сардини, аншоа и бакалар. Овие сорти не се изложени на високи нивоа на жива или други хемикалии. Помалку месо Истражувањето ги опфатило, меѓу другите, и вегетаријанците адвентисти кои живеат во Лома Линда, Калифорнија на западниот брег на АД. Според него, тие со голема веројатност ќе ги надживеат оние кои јадат месо - за осум години. „Иако одвреме-навреме можеби сакате да прославувате со пилешко, свинско или говедско месо, тоа не се препорачува во сината зона“, велат истражувачите. Наместо тоа, се предлага тврд тофу како замена за протеини, како што прават жителите на Окинава (Јапонија). Помал внес на млечни производи Повеќето луѓе во тие „сини зони“, според исттражувањето, се држат настрана и од млекото - со исклучок на некои адвентисти. Кардиологот д-р Гери Фрејзер, кој живее во Лома Линда, ги споредил адвентистите кои пијат млеко и оние кои не пијат, па вели дека кравјото млеко е поврзано со поголема опасност од рак на дојка и простата. Сепак, јогуртот и сирењето не ги носат истите опасности. Икарите и Сардинците, на пр., избираат производи козјо и овчо млеко. Помалку јајца Според овој труд, „јајцата не се неопходни за долг живот и не ги препорачуваме“, но доколку мора да се јадат, не се препорачуваат повеќе од три јајца неделно, според авторите. Сепак, се забележува и дека некои луѓе со проблеми со срцето и циркулацијата или дијабетес е подобро да се откажат од оваа намирница. Природен леб Луѓето во „сините зони“ јадат леб, но тој нема да биде исечен и обработен како во супермаркетите. „Повеќето комерцијално достапни лебови се на основа на избелено бело брашно, кое брзо се претвора во шеќер и го зголемува нивото на инсулин“. Наместо тоа, треба да се јаде леб од цело зрно, 'рж или тн. кисело тесто. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓанитеОпштина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот. Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook