Истражување за ефикасност на вакцините за Ковид 19 врз популацијата во Македонија - Канал 5

Истражување за ефикасност на вакцините за Ковид 19 врз популацијата во Македонија

Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација.

Истражување за ефикасност на вакцините за Ковид 19 врз популацијата во  Македонија

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници. Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33% биле вакцинирани со бар една доза, од кои повеќето (37.78%) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech и вакцината CoronaVac на производителот Sinovac. Бројот на испитаници кои примиле една односно две дози вакцина е даден во Табела 1.

Ефективноста на вакцините во спречување хоспитализација од КОВИД-19

Вкупно 30,136 лица биле хоспитализирани од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во Македонија (26.02.2020) до 30.09.2021, од кои 6,542 починале (21.708% од хоспитализираните). Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година а 56.5% од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14.8 дена а половина од испитаниците умреле во рок од 8 дена по хоспитализација.

За процената на вакциналната ефективност, сите оние кои биле хоспитализирани пред да бидат вакцинирани со прва доза беа класифицирани како невакцинирани случаи бидејќи не биле изложени на вакцинација пред да бидат хоспитализирани.

Од 15.01.2021 до 30.09.2021, од вкупно 16,691 хоспитализации, 1,114 биле регистрирани по вакцинација кај 701,148 целосно вакцинирани (0.159%), додека 15,577 хоспитализации биле регистрирани кај 1,119,139 невакцинирани (1.391%). Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 88.727% (95% интервали на доверба (ИД): 88.017- 89.400%).

Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените. Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години). Со тоа, коригираната ефективност на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90.604% (95% ИД: 90.018- 91.166%), а засебната коригирана ефективност по вакцина од различен производител е дадена во Табела 2.

Две дози од КОВИД-19 вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech покажа највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината ChAdOx1-S (производител: AstraZeneca) и вакцината CoronaVac (производител Sinovac), сите со ефективност над 92%. Вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но се уште имаа висока ефективност, над 80%.

Во анализа на 65,837 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од КОВИД-19 и по корекција за пол и возрасни групи изнесуваше 40.918% (95% ИД: 35.912- 45.644).

Ефективноста на вакцините во спречување смрт од КОВИД-19

Во периодот од 01.01.2020 до 30.09.2021 умреле вкупно 42,970 од 1,886,124 испитаници на возраст од ≥11 години. Од овие, 17,823 смртни случаи се регистрирани во периодот на следење на студијата, од кои 3,947 биле смрт од регистрирана КОВИД-19 (22.145%). Просечната возраст на умрените од КОВИД-19 изнесувала 70 години, половина од умрените биле под 71 година, најмладиот починат бил на 15 години а најстариот на 99 години.

Од вкупно 3,947 регистрирани смртни случаи на КОВИД-19 во периодот 15.01.2021-30.09.2021, само 179 смртни случаи беа регистрирани кај 712,587 индивидуи кои биле целосно вакцинирани (0.0251%), додека 3,642 смртни случаи беа регистрирани кај 1,106,574 индивидуи кои биле невакцинирани (0.329%). Со тоа, грубата процена на ефективноста на две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 92.39% (95% ИД: 91.159- 93.486%).

Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеа и врз ризикот од смрт од КОВИД-19, при што оние на возраст од 65 години и нагоре имаа речиси двојно поголем ризик од смрт од КОВИД-19, а мажите имаа околу 28% поголем ризик од жените да починат од КОВИД-19. По коригирањето за пол и возраст, ефективноста на примени две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 94.064% (95% ИД: 93.661- 94.448%). Засебната коригирана ефективност на вакцините од различен производител е дадена во Табела 3.

Сите вакцини покажаа висока ефективност, над 91%, во спречување смрт од КОВИД-19. За разлика од претходната анализа во спречување хоспитализација, вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа многу мала разлика во пружањето заштита од смрт од КОВИД-19 споредбено со останатите вакцини. Вакцината BBIBP-CorV (производител Sinopharm) имаше малку пониска ефективност од останатите вакцини во спречување смрт од КОВИД-19, која е незначителна.

Во анализа на 66,942 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, која коригирана за пол и возрасни групи изнесуваше 39.140% (95% ИД: 34.476- 43.562)

Овие резултати ги потврдуваат наодите во останатите популации, потврдувајќи дека вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт од КОВИД-19. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација од КОВИД-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Ова се првични, прелиминарни резултати, кои се дел од тековно истражување на вакциналната ефективност во македонската популација. Овие процени на ефективноста на популационо ниво се блиски до процените добиени преку дополнителни анализи во склоп на истражувањето, спроведени преку вгнездена студија на случаи и контроли со тест-негативен дизајн, кои имаат за цел да ја минимизираат пристрасноста и да го исклучат ефектот кој би го имале граѓаните кои се регистрирани во “Мој Термин” а кои не живеат во Македонија.

Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Македонија (Р. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. 

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година.

Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот.

Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци.

Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари.

Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот.

Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

 По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“.

Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг.

Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија.

Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет.

Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза.

Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето.

Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција.

Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Дефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз.

Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините.

Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин.

Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите.

На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер