Истражување: Во органите на фетусот се најдени честички, опасни за развој и живот - Канал 5

Истражување: Во органите на фетусот се најдени честички, опасни за развој и живот

Познато е дека загадениот воздух е најголемиот еколошки ризик фактор за прерана смрт.

Истражување: Во органите на фетусот се најдени честички, опасни за развој и живот

Се проценува дека предизвикува околу 7 милиони предвремени смртни случаи во светот годишно, од кои околу 500.000 во Европа.

Исто така, познато е дека загадувањето во животната средина, како што се пасивното пушење, олово во водата и храната и пестицидите, може да влијае на здравјето на неродените деца.

На пример, научниците ја поврзале изложеноста на пасивно пушење за време на бременоста со 13% зголемен ризик од вродени дефекти и 23% зголемен ризик од смрт на фетусот.

Научниците со години се прашуваат дали загадувањето на животната средина може да влезе во телото на фетусот преку плацентата на мајката.

Во новото истражување, објавено во престижното списание Planetary Health, меѓународен тим на научници од Универзитетот во Абердин во Шкотска и Универзитетот Хаселт во Белгија откриле докази за постоење на токсични честички од загадувањето на воздухот во белите дробови, црниот дроб и мозокот на неродените бебиња.

Авторите на студијата пишуваат дека откриле докази за присуство на честички саѓи во крвта од папочната врвца веќе во првиот триместар од развојот на фетусот, што потврдува дека тие можат да поминат низ плацентата на мајката и да влезат во циркулаторниот систем на фетусот. .

„Откривме дека честичките од загадувањето на воздухот што содржат јаглерод, вдишени од мајката, можат да ја преминат плацентата, а потоа да се пренесат во органите на човечкиот фетус за време на бременоста. Овие наоди се особено загрижувачки бидејќи овој временски период на изложеност е клучен за развојот на органите.“ истакнуваат авторите.

За потребите на новото истражување, научниците се фокусирале на наночестичките од саѓи, кои се резултат на согорување на јаглен, дизел и други горива од биомаса.

Домаќинствата генерираат нешто повеќе од половина од вкупната маса саѓи, по што следи транспортот, кој сочинува околу 26% од емисиите.

Претходните истражувања покажале дека саѓите имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето бидејќи предизвикуваат кардиоваскуларни болести, астма и прерана смрт.

Меѓутоа, епидемиолошките студии покажале дека честичките од саѓи претставуваат поголем ризик за здравјето од другите компоненти на загадениот воздух, вклучувајќи ги и фините честички со дијаметар помал од 2,5 микромилиметри (PM2,5).

Претходна студија, објавена во списанието Nature Communications, покажала дека честичките од саѓи можат да патуваат од белите дробови на мајката до плацентата.

Но, пред новата студија, никој не можел со сигурност да каже дали стигнуваат до фетусот.

За истражувачки цели, научниците испитувале перинатални и фетални примероци од Белгија и Велика Британија.

„Откривме дека не само што јаглеродните наночестички навлегле во плацентата во првиот и вториот триместар од човечкиот фетус, туку тие стигнале и до феталните органи, особено до црниот дроб, белите дробови и мозокот“, изјавил еден од авторите на студијата, Пол Фаулер, професор на Универзитетот во Абердин.

Тој додаде дека тимот бил изненаден од тоа колку се слични нивоата на наночестички саѓи во човечкиот фетус со оние во плацентата.

„Се надевавме дека фетусот ќе биде заштитен, барем на некое видливо ниво. Јасно е дека не е така, и ова е многу загрижувачки бидејќи веројатно важи и за многу други видови микро и наночестички. Органските молекули, како што се другите производи за согорување, се „тројански коњи“ за пренос на овие токсични соединенија во човечките органи на фетусот“, заклучува Фаулер.

Тим Наврот, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот Хаселт, вели дека нивните наоди ја покажуваат потребата од поригорозни стандарди за ограничување на дозволените нивоа на загадување на воздухот.

„Нашето истражување беше спроведено во област со релативно ниска изложеност“, објасни тој.

„Но, дури и при толку ниски концентрации во животната средина, веќе гледаме голем број честички - на пример, приближно 6000 честички саѓи на кубен милиметар од ткивото на фетусот на белите дробови и мозокот. Во областите со висока изложеност, ќе има значително повеќе од нив. Здравиот воздух треба да биде основно човеково право. Мораме сериозно да го сфатиме загадувањето на воздухот“, рече тој.

Научниците предлагаат трудниците да носат маски кога излегуваат на места со високи концентрации на загадување и да обезбедат прочистувачи на воздух во нивните станови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“

 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ  во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер