Истражување: Трамп ќе има минимално влијание врз емисиите на стакленички гасови - Канал 5

Истражување: Трамп ќе има минимално влијание врз емисиите на стакленички гасови

Стручњаците предупредуваат дека влијанието може да биде значајно ако други држави ја следат оваа политика на намалени амбиции, особено Кина.

Истражување: Трамп ќе има минимално влијание врз емисиите на стакленички гасови

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, познат по својата скептичност кон регулациите за климатските промени, веројатно нема значително да го промени глобалното затоплување дури и откако ќе се врати во Белата куќа. Ова го покажува најновото истражување на проектот Climate Action Tracker (CAT).

Трамп планира да ги укине регулациите за заштита на животната средина на Џо Бајден и да ја повлече Америка од меѓународните договори за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C во споредба со прединдустриското ниво. Сепак, CAT проценува дека тоа би предизвикало зголемување на глобалната температура од само 0,04°C до крајот на векот.

Стручњаците предупредуваат дека влијанието може да биде значајно ако други држави ја следат оваа политика на намалени амбиции, особено Кина, која произведува 2,5 пати повеќе стакленички гасови од САД. CAT истакнува дека светот е на пат кон затоплување од 2,6°C според актуелните планови за намалување на емисиите.

Глобалните емисии од фосилни горива достигнаа рекорди оваа година, што значи дека ќе бидат потребни поамбициозни мерки за исполнување на климатските цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

Електричниот мотоцикл „Honda WN7“ пристигна на европските пазари во јуни 2026 година, придружувајќи се на електричните скутери „EM1 e:“ и „CUV e:“.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

За разлика од скутерите кои користат систем на заменливи батерии, „WN7“ е првиот електричен мотоцикл на „Honda“ со фиксна батерија, поставена ниско и централно за оптимален центар на гравитација и подобри карактеристики на возењето.

Иако целосно го елиминира традиционалниот погонски склоп, „WN7“ го задржува фокусот на „Honda“ на динамиката на возењето. Отсуството на бучава и вибрации е искористено како можност за полинеарен одговор на гасот и подобра врска помеѓу возачот и околината, вели јапонската компанија.

Инженерските предизвици како што се пакувањето на батериите, термичкото управување и распределбата на тежината се адресирани холистички, што директно ја одразува стратегијата на автомобилскиот сектор каде што положбата на батеријата е клучна за управувањето.

Моделот „WN7“, исто така, носи висока практичност бидејќи ги усвојува стандардите за полнење во автомобилите, поддржувајќи брзо полнење „AC“ тип 2 и „CCS2“, што овозможува користење на постојната јавна мрежа за полнење. Покрај тоа, испораката на вртежниот момент е прилагодена низ четири режими на возење, со интегрирано регенеративно сопирање.

Оваа иновација е дел од поширокиот план на компанијата за постигнување целосна јаглеродна неутралност до 2050 година. Во текот на следната деценија, хибридните системи и целосно електричните возила ќе коегзистираат во гамата на „Honda“, нудејќи им на клиентите преодни решенија кои беспрекорно се интегрираат во секојдневниот живот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои.

Затоа сме тука. Затоа се бориме.

Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме.

Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата.

Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните.

СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина.

Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт.

Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија.

Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив - Фронтот за вистина и правда.

Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа.

Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место.

Вие не сте само иднината.

Вие сте сегашноста.

Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша.

Останете. Борете се. Верувајте.

Македонија може подобро. И ќе биде подобра.

Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем.

Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија.

Сите заедно! А, јас сум со вас сум.

До победа!

YouTube video

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер