Истражување: Сините китови јадат 44 килограми микропластика секој ден - Канал 5

Истражување: Сините китови јадат 44 килограми микропластика секој ден

Сините китови јадат до 10 милиони парчиња микропластика секој ден, проценуваат најновите истражувања, што значи дека загадувањето со пластика претставува поголема закана за најголемото животно на светот отколку што се мислеше.

Истражување: Сините китови јадат 44 килограми микропластика секој ден

Ситни фрагменти од пластика се пронајдени насекаде, од најдлабоките океани до највисоките планини, па дури и во човечките органи и крвта. Научниците сега направија проценка колку микропластика китовите внесуваат во нивните тела.

Тие означиле 191 сини, перкасти и грбави китови кои живеат на брегот на Калифорнија и ги набљудувале нивните движења.

„Тоа е како „Apple Watch“, само на грбот на китот“, вели биологот и еколог Ширел Кахане-Рапорт од Државниот универзитет во Калифорнија, пренесе АФП.

Китовите главно се хранеле на длабочини меѓу 50 и 250 метри, каде што е најдена најголема концентрација на микропластика. Експертите потоа ја процениле дневната големина и број на каснувања и процентот на филтрирана содржина со моделирање на три сценарија.

Според најверојатното сценарио, сините китови јадат до 10 милиони микропластични фрагменти дневно, или повеќе од милијарда годишно.

Најголемото животно што некогаш живеело на Земјата е веројатно и најголемиот потрошувач на микропластика, бидејќи јаде до 43,6 килограми дневно, се вели во студијата.

„Замислете да носите дополнителни 45 килограми во себе. Да, вие сте многу голем кит, но тоа сепак ќе зазема многу простор“, вели Кахане-Рапорт.

Се проценува дека грбавите китови јадат околу четири милиони фрагменти дневно.

99 отсто од микропластиката била внесена преку плен кој веќе ги имал овие фрагменти во себе.

„Тоа нè загрижува бидејќи луѓето го консумираат истиот плен; јадеме и сардела и сардина“, вели Кахане-Рапорт, додавајќи дека главната храна на китовите се планктонските ракчиња.

Сега кога научниците знаат колку микропластика консумираат китовите, нивната следна цел е да утврдат колкава штета може да предизвика на нивните тела.

„Дозата ја дефинира силата на отровот“, вели Кахане-Рапорт.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на  Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието.

За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси.

Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните.

Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер