Истражување: Секој втор возрасен во Македонија пуши цигари, а сепак има силна поддршка за примена на построги мерки - Канал 5

Истражување: Секој втор возрасен во Македонија пуши цигари, а сепак има силна поддршка за примена на построги мерки

Секој втор возрасен во Македонија пуши, а сепак има силна јавна поддршка за примена на построги мерки за контрола на пушењето.

Истражување: Секој втор возрасен во Македонија пуши цигари, а сепак има силна поддршка за примена на построги мерки

Дури 90.2% од граѓаните се запознаени со предложените законски измени, а мнозинството поддржува конкретни мерки.

Половина од граѓаните или 47.3% поддржуваат ограничувања за пушење на затворени тераси 83.5% се за забрана за пушење во автомобили со деца.

Да се забрани рекламирање на нови никотински производи се изјасниле 63.1% од анкетираните

-Покажуваат истражувањата на аналитика тинк направено по повод 31 Мај – Светскиот ден без тутун, кој оваа година се одбележува со глобален фокус на заштита од изложеност на чад и спротивставување на зависноста од никотин.

Дополнително, речиси 90% од пушачите поддржуваат зголемување на цените, што ја потврдува ефикасноста на даночните политики како една од клучните мерки за намалување на употребата на тутун.

Според најновите наоди од национално репрезентативно истражување на АНАЛИТИКА, 53.8% од возрасните користат тутун или никотински производи, додека 50% се активни пушачи на цигари, што ја позиционира земјата меѓу оние со највисока распространетост во Европа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Денес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер