ЖивотИстражување: Секој трет млад маж во Германија смета дека насилство против жени е „прифатливо“Третина од младите мажи во Германија сметаат дека е прифатливо да се користи насилство врз жените, покажуваат резултатите од новото истражување кое предизвика бес кај активистите за родова еднаквост, пренесува Си-Ен-Ен.Студијата е нарачана од детската добротворна организација „План Интернешнл Германија“. Наодите беа објавени во регионалниот весник Вестдојче Алгемајне цајтунг (Westdeutsche Allgemeine Zeitung). Според анкетата, 34 отсто од мажите во возрасна група 18-35 години признале дека во минатото пројавиле насилство над својата партнерка, додека 33 проценти рекле дека мислат дека е прифатливо ако повремено „без да сакаат замавнат“ кога се расправаат со партнерката. Анализирајќи ги ставовите за обвинување на жртвата и двојните стандарди, студијата покажа дека 50 проценти од мажите не би сакале врска со жена која има многу сексуални партнери, а 20 отсто од интервјуираните жени се согласуваат со овој став. Студијата, исто така, покажа дека очекувањата на мажите и жените во врската значително се разликуваат. Нешто повеќе од половина од мажите - 52 проценти - сакаат врска „глава на семејство-домаќинка“, каде што тие заработуваат најголем дел од парите за домаќинството, а грижата за децата и домашните работи главно се за жената. Над две третини од интервјуираните жени не се согласуваат, сакајќи еднакви партнерства и заедничко одлучување. Нешто помалку од половина од анкетираните - 48 отсто - изразија негодување за јавно прикажување на хомосексуалноста, велејќи дека се чувствуваат „вознемирени“ од тоа. Германската група наречена Федерална организација за еднаквост на Твитер објави дека наодите се „шокантни“. „Според истражувањето на Plan International Germany, секој трет млад Германец смета дека насилството врз жените е „прифатливо“. Ова итно треба да се промени!“ Карстен Каснер од Федералниот форум мажи, организација која се залага за родова еднаквост, исто така повика на промени, велејќи: „Фактот што една третина од анкетираните мажи го минимизираат физичкото насилство врз жените е сигнал за проблем“. Според податоците на германската Федерална криминалистичка полиција во 2021 година, 115.000 жени во Германија биле жртви на насилство од интимен партнер. Германија има една од највисоките стапки на убиства на жени во Европа, проблем што се влоши за време на пандемијата на коронавирусот, според податоците на криминалистичката полиција, пренесе Си-Ен-Ен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНиколоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една годинаВицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира. „ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски. Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак И САД и Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чинеа слаби, а Техеран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифатНападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот. И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена. Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку САД не ги прифатат условите на Иран за завршување на војната - ослободување на замрзнатите средства на Иран и крај на конфликтите низ целиот регион, вклучително и во Либан и Газа. Тоа следеше по новото барање на Трамп во понеделникот дека Иран треба да плати отштета за луѓето убиени во 50-годишните војни, напади и протести.Тагови: Иран Ормутскиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00