Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија - Канал 5

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија

 Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“.

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија

Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“, што е највисока бројка во изминатите три децении.

„Длабока сиромаштија“ се однесува на домаќинство каде што живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат помалку од 16.400 фунти (18.880 евра) годишно, што е 40 проценти од медијалната годишна плата во Велика Британија.

Вкупната стапка на сиромаштија во Велика Британија се намали од 24 проценти во 1994/95 година на 21 отсто во 2023/24 година, но стапката на длабока сиромаштија се зголемила од осум на 10 проценти во истиот период.

Резултатите покажуваат дека во пораст е детската сиромаштија, чија бројка трета година по ред бележи раст и изнесува околу 4,5 милиони деца.

Поради ограничувањето наметнато од страна на Конзервативната влада во 2017 година, семејствата со три или повеќе деца добиваа ист износ на детски додаток како и семејствата со две деца. Ова ограничување беше укинато на крајот од минатата година, што ќе обезбеди дополнителни 3,1 милијарди фунти за семејствата со ниски приходи.

ЏРФ ја поздравува одлуката, но нагласува дека тоа не може да биде единствениот чекор во борбата против детската сиромаштија. Во извештајот се наведува дека децата и лицата со попреченост се непропорционално погодени од сиромаштијата, додека одредени малцински групи како што се заедниците на Бангладеш и Пакистан во Велика Британија имаат особено високи стапки на сиромаштија.

Џон Берд, основач на добротворната организација за борба против сиромаштијата „Биг ишју“ (Big Issue) резултатите од истражувањето на Фондацијата Џозеф Роунтри ги оцени како „лоши вести за општеството“.

Инфлацијата во Велика Британија во декември се искачи на 3,4 проценти, но се очекува наскоро нагло да забави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Распад на ЗНАМ – во тек е последната битка за фотелји меѓу Максо и Минчев

Се случува тотален распад на ЗНАМ. 

СДСМ: Распад на ЗНАМ – во тек е последната битка за фотелји меѓу Максо и Минчев

ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски.

Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај.

Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски.

Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните остатоци од она што им беше ветено.

Класичен пример на политичка корупција и морален банкрот на луѓето кои прво ја предадоа својата партија а потоа и своите гласачи.

Влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит на ВМРО, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја.

Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари.

Бидејќи ЗНАМ веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови, Христијан Мицкоски работи на создавање на нов сателит - ЗНАМ 2.0.

Граѓаните го препознаваат тоа и нема да дозволат да бидат излажани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: 1.300 луѓе починаа од високите температури во Европа

Незапаметениот летен топлотен бран во Европа веќе однесе стотици животи, предупреди шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

СЗО: 1.300 луѓе починаа од високите температури во Европа

Само од 21 јуни наваму се регистрирани повеќе од 1.300 прекумерни смртни случаи поврзани со високите температури, кои тој ги нарече „тивок убиец“.

Најпогодена е Франција, каде здравствените власти пријавија околу 1.000 смртни случаи повеќе од очекуваното, главно кај лица над 65 години. Високите температури предзвикаа и огромни економски загуби и штети. Во Германија пукна асфалт и бетонски површи на автопатите, искривини пруги.. Жештините го загрозија и енергетскиот сектор.

Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ мораше да го намали производството бидејќи реката дунав е премногу топла за да служи како ладилник. Во Италија, реката по пресушува, што дозволува продор на морска вода во внатрешноста и сериозно го загрозува земјоделството.

Црната статистика ја дополнуваат и десетици случаи на давење на луѓе кои барале спас од жештините во водите ширум континентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадона призна дека и била љубоморна на оваа пејачка!!-„Никогаш нема да бидам толку убава како неа“

Светската музичка ѕвезда, кралицата на поп-музиката Мадона во ново интервју откри дека во минатото и била малку љубоморна на својата колешка Кајли Миног затоа што сметала дека австралиската пејачка е премногу слатка.

Мадона призна дека и била љубоморна на оваа пејачка!!-„Никогаш нема да бидам толку убава како неа“

Имено, Мадона разговараше за ова и за голем број други теми со Греам Нортон во познатата лондонска концертна сала Коко.

Водителот ја потсети Мадона на доделувањето на MTV Europe Music Awards во 2000 година, кога носеше маица со името на Кајли Миног напишано со циркони. Тој беше заинтересиран како се појавила таа модна идеја.

„Бев во мојата вестерн фаза, лепев кристали на сè и размислував за пејачите во кои бев малку заљубена“, се присети Мадона.

„Секако дека помислив на Кајли и направив маица со нејзиното име на неа.“

Миног, која исто така учествуваше во интервјуто, се присети на својата реакција кога ја виде маицата на Мадона.

„Немаше никаква најава. Не знам што направив, веројатно речиси се онесвестив. Беше неверојатно“, рече таа.

Потоа Мадона ги сподели своите искрени мисли за австралиската ѕвезда.

„Всушност, малку ти љубоморев“, истакнала мадона.

„Зошто?“, праша Нортон. „Затоа што беше толку слатка“, одговори Мадона, алудирајќи дека нејзиниот тогашен сопруг, режисерот Гај Ричи, исто така влијаел врз нејзините чувства.

„Мислев: „Никогаш нема да бидам толку убава како Кајли!““

Нортон ја искористи можноста да ги провери гласините за можна соработка меѓу двете музички ѕвезди на новиот албум на Мадона, кој треба да излезе на 3 јули. „Се шпекулира дека Кајли е на албумот „Confessions II“. Можете ли да го потврдите тоа?“, праша тој. Пејачите се насмевнаа и гледаа, но не сакаа да ги потврдат или негираат шпекулациите. „Зошто мора да знаете сè? Толку сте љубопитни“, одговори Мадона на крајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер