Истражување: Работното време не смее да почнува пред 10 часот!

Д-р Пол Кели од Оксфорд тврди дека е време за голема општествена промена со која почнувањето на наставата во училиштата и работното време треба да се прилагоди на биолошкиот часовник на луѓето.

Бројните експерименти на биоритмот покажале дека дете на 10 годишна возраст не може да се сконцентрира на настава пред 8.30 часот наутро, а на 16 години учениците многу поефикасно учат ако наставата им почнува во 10 часот. За студентите најдобро е предавањата да почнуваат во 11 часот.

Доктор кели ова го докажал додека бил директор на средно училиште - наместо во 8.30 го променил терминот за почеток на наставата во 10 часот и за 19% бил подигнат бројот на најдобрите оцени.

- И компаниите кои ги принудуваат вработените да почнат што порано наштетуваат на нивната продуктивност и им ги зголемуваат здравствените проблеми - тврди д-р Кели.

- Ова е голем општествен проблем. Работниците треба д апочнуваат со рбаота во 10 часот. Во спротивно не се доволно наспани и се движиме кон изморено општество, а со тоа штетиме на здравјето. Никогаш нема да можеме да го промениме 24 часовниот биоритам кој го имаме. Нашите тела секогаш ќе се прилагодуваат кон сонцето - вели Кели.


Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Денеска  во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата. 

Според осигурителните компании цените за осигурување од автомобилска одговорност не се променети од 2008 година, или цели 15 години, период во кој се бележи општ пораст на цените на автомобилите и автомобилските делови. Комисијата за автомобилска одговорност при министерство за финансии, 15 години не дала препорака на владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од групација на осигурувањето при стопанската комора на македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите. Од агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 брифираат о зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат. Според нив, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била над 80 милиони евра. Агенцијата за супервизија на осигурување ја охрабрува владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

притисни ентер