3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеИстражување: Производите за рамнење на косата го зголемуваат ризикот од рак на матка Производите за исправање на косата може значително да го зголемат ризикот од развој на рак на матка кај жените кои често ги користат, се вели во голема студија објавена во научно списание.„Проценуваме дека до 70-годишна возраст, 1,64 отсто од жените кои никогаш не користеле средства за рамнење на коса ќе развијат рак на матката, или 4,05 отсто од жените кои често го користат“, вели водачот на студијата Александра Вајт од Националниот институт за здравје и еколошка здравствена безбедност на САД. (NIEHS). „Сепак, важно е да се стават овие информации во контекст. Ракот на матката е релативно редок вид на рак“, додава таа. Сепак, ракот на матката е еден од најчестите гинеколошки карциноми во Соединетите Држави, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а стапките се зголемуваат, особено кај афроамериканските жени. Ракот на матката сочинува околу 3 отсто од новите случаи на рак во САД, со околу 66.000 случаи и 12.500 смртни случаи во 2022 година, според АФП. Ракот на матката треба да се разликува од ракот на грлото на матката, додава француската агенција. Научниците следеле 33.947 жени од различни раси на возраст од 35 до 74 години во просек речиси 11 години. Во тој период 378 жени развиле рак на матката. Кога биле исклучени другите фактори на ризик, научниците откриле дека ризикот од развој на рак на матката е два и пол пати поголем кај жените кои користеле израмнувач на коса повеќе од четири пати во претходната година. Помалата употреба на тој агенс во претходната година е исто така поврзан со зголемен ризик од рак на матката, но разликата не е статистички значајна. Претходните студии веќе предупредуваа на врската помеѓу производите за исправање на косата и зголемениот ризик од развој на рак на дојка или јајници. Хемиските производи кои би можеле да го зголемат ризикот од развој на рак се парабени, бисфенол А, метали или формалдехид кои можат да се користат за т.н. „Бразилско“ исправување на косата, а тој производ е класифициран како канцероген. Активирањето може да предизвика и нарушување на хормоналниот систем. Производите за исправање на косата би можеле да ја промовираат апсорпцијата на хемиски производи преку рани или изгореници на скалпот предизвикани од т.н. „пегла за коса“ чија топлина ги разградува хемиските производи. „Овие научни наоди се првиот епидемиолошки доказ за врската помеѓу производите за исправување на косата и ракот на матката“, рече Вајт, која го објави трудот со колегите во The Journal of the National Cancer Institute. „Потребни се дополнителни истражувања за да се идентификуваат специфичните хемиски состојки поврзани со овој развој“, рече таа. Студијата не потврдила дека пеглата за коса различно влијае на жените во зависност од расата. „Меѓутоа, црнките почесто користат пегла за коса и почнуваат да го прават тоа на порана возраст од другите раси или етнички групи, така што резултатите од оваа студија се релевантни за нив“, вели коавторот на студијата Че-Јунг Чанг од NIEHS. Студијата не нашла никаква врска помеѓу ракот на матката и другите техники како што се боење на косата, белење на косата или трајна ондулација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата.Нафтата Брент во петокот ја заврши трговската недела на 116,72 долари за барел, со неделен раст од околу шест проценти. Американската нафта достигна 103,27 долари. Според Ројтерс, поскапувањето е поттикнато од нападите врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и стравувањата од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток. Дали и за колку ќе поскапат одделните горива ќе покаже новата пресметка на РКЕ, која ги зема предвид берзанските цени на нафтените деривати и курсот на доларот. Минатата недела бензините поевтинија за 2,50 денари, додека дизелот поскапе за два денари.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Искрени честитки до граѓаните на СрбијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до победниците на парламентарните избори во Србија.„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион.“- напиша Муцунски на „X“. Искрени честитки до граѓаните на 🇷🇸 за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. 🇲🇰 останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката 🇪🇺 иднина и просперитетот на целиот регион. — Timco Mucunski (@TimcoMucunski) October 26, 2026 Тагови: Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59