ЖивотИстражување предупредува на ризик од екстремно високи температури за фудбалерите на СП2026Фудбалерите кои ќе играат на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико би можеле да се соочат со сериозни здравствени ризици од екстремните горештини, покажува новата студија објавена во списанието Scientific Reports.Имајќи предвид дека стадионите на кои ќе се одржи Мундијалот2026 се распространети низ северноамериканскиот континент, студијата предупредува дека значителните разлики во географската ширина, надморска височина и климата ќе бидат предизвик за играчите и нивната способност „брзо да се адаптираат на различни локални клими“. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година, за време на највисоките летни температури во Северна Америка. Истражувањето, предводено од Марек Конефал и неговите колеги, покажа дека на 10 од 16. стадиони на кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство, играчите, најверојатно, ќе бидат изложени на екстремно високи температури, со најголем ризик во тексашките градови Хјустон и блиските. Арлингтон Далас и во Монтереј, Мексико. Користејќи ги податоците од службата за климатски промени Коперник, студијата ја симулирала климата на секоја локација користејќи го Универзалниот индекс на топлинска клима (UTCI), кој мери како човечкото тело реагира на надворешни услови. Резултатите сугерираат дека некои локации може да имаат вредности на UTCI поголеми од 49,5 степени Целзиусови, ниво што претставува значителен ризик од топлотен стрес. Студијата предупредува дека најинтензивен топлотен стрес се очекува помеѓу 14 и 17 часот, при што вредностите на UTCI во Арлингтон и Хјустон надминуваат 50 степени Целзиусови во попладневните часови. Во Мајами врвот на топлотниот удар се очекува околу пладне. Ваквите екстремни услови може да доведат до дехидрација и здравствени проблеми поврзани со топлина за играчите, се наведува во истражувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter