Истражување: Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа - Канал 5

Истражување: Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа

Oтприлика секој петти вработен на возраст над 55 години смета дека е дискриминиран поради неговата возраст, покажува британско истржажување.

Истражување: Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа

Истражувањето на две илјади возрасни лица од финансиската компанија „Канада Лајф“ (Canada Life) открило поплаки кои вклучуваат помалку можности за напредување на работното место и чувство на поголем притисок да ја завршат својата работа добро.

Постарите луѓе исто така веруваат дека има негативна промена во ставовите кон нив во последниве години, при што работодавците помалку ги ценат, се вели во извештајот.

Ден Крук, директор за продажба во „Канада Лајф“ изјави дека „постарите работници се во срцето на нашата економија и се исклучително вреден ресурс за илјадници работодавци“.

-Тие носат на нивните работни места искуство и експертиза што доаѓаат со текот на времето и загрижувачки е што многумина се чувствуваат дискриминирани на работното место и чувствуваат дека нивните можности за напредување се загрозени од кризата на трошоците за живот, вели тој.

Според него, во време кога вработените се чувствуваат исцрпени и финансиски и емоционално на работното место, работодавачите мора да обезбедат еднакви можности и поддршка.

-Тие имаат должност да се грижат да создадат средина каде работниците на сите возрасти и на сите нивоа ќе чувствуваат дека можат да напредуваат во својата професија, заклучува Крук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Русија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

„Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков.

САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата

Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор.

Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој.

Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот

Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор.

Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односи

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. 

Средба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односи

На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд.

Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција.

Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот.

Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лица

Најмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.

Се урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лица

Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП.

Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините.

Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата.

Чести несреќи поради ниските стандарди

Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди.

Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер