Истражување: По Ковид-19, нови проблеми со здравјето кај третина од лицата над 65 години - Канал 5

Истражување: По Ковид-19, нови проблеми со здравјето кај третина од лицата над 65 години

Кај речиси третина (32 од 100) лица, постари од 65 години, кои во 2020 година се заразиле со Ковид-19, се развил барем еден нов или траен здравствен проблем, за кој имало потреба од лекарска помош во месеците на оздравување, по почетната инфекција.

Истражување: По Ковид-19, нови проблеми со здравјето кај третина од лицата над 65 години

Тоа е за 11 повеќе, во споредба со оние кои не заболеле од Ковид-19, се наведува во американска студија, објавена во Бритиш медикал џурнал (British Medical Journal).

Тоа се однесува на состојбата поврзана со главните телесни органи и состави, меѓу нив и срце, бубрези, бели дробови и црн дроб, како и на компликации со менталното здравје.

Истражувањето е спроведено од американски научници врз околу 133.000 Американци постари од 65 години, а заразени со коронавирус во 2020 година, како и на речиси ист број лица, кои немале Ковид-19, од таа возрасна група.

Студијата за зачестеноста и сериозноста на последиците (нови здравствени состојби), по инфекција од Ковид-19, меѓу постарите од 65 години, покажува дека речиси секој трет пациент, кој заболел од Ковид-19, побарал лекарска помош, најмалку три недели по дијагнозата, поради нов или траен здравствен проблем, што е за 11 отсто поголема стапка од забележаната во другата група.

Во споредба со втората група од 2020 година, кај пациентите заболени од Ковид-19 имало повисок ризик од настанување низа здравствени проблеми. Меѓу нив и од респираторна инсуфициенција (дополнителни 7.55 случаи на 100 лица), замор (дополнителни 5.66 случаи на 100 лица), висок крвен притисок (дополнителни 4.43 случаи на 100 лица) и дијагнози на нарушување на менталното здравје (дополнителни 2.5 случаи на 100 лица), заклучија американските научници.

Слични наоди беа откриени и во случајот со споредбените групи од 2019 година.

Кога состојбата на пациенти заболени од коронавирус, се спореди со таа на лица претходно заразени со други вируси, како на пример, грип, се покажа дека новите здравствени проблеми со респираторна инсуфициенција, деменција, замор, се почести по заболување од Ковид-19.

Бидејќи станува збор за опсервациска студија, не е можно да се утврди точната причина. Истражувачите признаваат и делумни ограничувања во истражувањето, како можноста дека некои дијагнози, можеби не се последица на нови здравствени проблеми, предизвикани од зараза со Ковид-19. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер