Истражување откри во која земја жените имаат најголеми гради!! - Канал 5

Истражување откри во која земја жените имаат најголеми гради!!

Исцрпна и опсежна студија спроведена во 2021 година, предводена од истражувачи од Институтот за антропометрија во Германија, покажа во кои земји во светот жените имаат најголеми гради.

Истражување откри во која земја жените имаат најголеми гради!!

Студијата анализирала податоци од повеќе од 108 земји, во анализирањето било вклучени и мерења на над 340.000 жени, резултатите покажуваат дека нордиските земји се водечки во категоријата на жени со најголеми гради.

На самиот врв на листата според истражувањето се жените од Норвешка, каде просечната големина на кошот е помеѓу Ц и Д. Норвежанките се познати по нивната натпросечна висина и здрав начин на живот, што можеби придонесе за овој резултат. Интересно е што, според дополнителните анализи, овие бројки се стабилни без разлика на возраста или телесната тежина.

Следните две земји на листата се Исланд и Луксембург. Од земјите од нашиот регион најдобро рангирани според големината на нградите се Хрватките на 21. место, пред жените од Србија 23, Босна и Херцеговина - 24. и Словенија е на 25. место.

Вака изгледа листата на топ 25 земји:

Норвешка – C/D

Исланд – C/D

Луксембург – Ц

Шведска – Ц

Русија – Ц

Финска – Ц

Естонија – Ц

Данска – Ц

САД – Ц

Канада – Ц

Летонија – Ц

Литванија – Ц

Германија – Ц

Австрија – Ц

Холандија – Ц

Швајцарија – B/Ц

Полска – Б/Ц

Чешка – Б/Ц

Словачка – Б/Ц

Ирска – Б/Ц

Хрватска – Б

Унгарија – Б

Србија – Б

Босна и Херцеговина – Б

Словенија – Б

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасени 300 лица во Мавританија

Мавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.

Спасени 300 лица во Мавританија

Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“.

Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението.

„Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата.

Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер