Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
1Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
2Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
3МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници
ЖивотИстражување „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми"Две третини од девојките се соочуваат со сексуално вознемирување на социјалните мрежи.Многу млади девојки преку социјалните мрежи на интернет добиваат пораки што претставуваат сексуално вознемирување, а за тоа тие повеќе се доверуваат на семејството отколку на институциите. Ова го покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми" спроведено од Центарот за еднакви можности „Бубамара" од Тетово, кои го пренесуваат и искуството на младите лица од женски пол во полошкиот регион. Биле анкетирани 208 девојки на возраст од 18 до 25 години, кои одговориле на анкетата по електронски пат. Од Тетово се 150 девојки, 51 од Гостивар и останатите од другите места, при што 45,1 проценти се од рурални, а 54,8 проценти се од урбани средини. Во заклучокот од истражувањето од „Бубамара" велат дека жртвите на сексуално вознемирување главно се добро информирани дека овој феномен подразбира повреда на нивната слобода и мешање во нивниот живот и нивните избори. Според нив, овие дејства имаат последици што кај некои од жртвите се манифестираат во поголема мера. – Од анкетираните девојки 65,8 проценти примиле пораки од момчиња или мажи кои содржеле разни форми на сексуално вознемирување, говор на омраза, закани и навреди, 32,2 проценти од нив не примиле такви содржини на социјалните мрежи, 1,9 процент се одлучиле да не одговорат. Анкетата имаше цел да открие колку овие возрасни девојки, кои сè уште се во раните дваесетти години, се жртви на сексуално вознемирување и, воедно, што подразбираат под сексуално вознемирување и дали се подготвени да го пријават тоа, велат од „Бубамара". Според истражувањето, семејството е најдоверливата и најсигурната адреса каде што анкетираните девојки ги пријавуваат ваквите вознемирувања во случаите кога се решаваат да пријават. Поголем дел од нив (29,3 проценти) претпочитаат да му се обратат на семејството кога се вознемирувани од такви вознемирувачки пораки или содржини. На второ место е полицијата (25 проценти). Голем број девојки одговориле дека не знаат каде да се обратат (21,6 процент). Мал број одбрале (или би одбрале) да им се обратат на новинарите (0,9 проценти) или на невладините организации (1,4 процент) за да пријават вознемирување. Понатаму во истражувањето се вели дека во реалноста, голем дел од анкетираните девојки кои примиле такви пораки, ги игнорирале. Вкупно 89 девојки или 42,7 проценти ги игнорирале ваквите пораки. Деведесет и седум девојки или 46,6 проценти ги пријавуваат со тоа што реагираат или ги објавуваат на социјалните мрежи кои ги користат. Од девојките 3,8 проценти за овие пораки се обратиле до полицијата, додека 2,4 проценти од девојките рекле дека одбрале лично да се соочат со вршителот на делото. – Последиците се главно психолошки и жртвата често е сама и претпочита да не го сподели искуството со некој друг. Фактот што некои од сексуално малтретираните девојки на социјалните мрежи не сакаат да го споделат своето искуство ниту со својот партнер, велејќи дека голема е веројатноста да дојде до некакво недоразбирање, покажува дека момчињата и мажите се многу малку информирани за размерите на овој реален проблем. Игнорирањето подразбира одобрување и охрабрување за сторителот, насилникот и престапникот за тој да ја прошири својата мрежа на малтретирање и да го храни тоа чувство на надмоќност врз своите жртви. Повторната виктимизација на жртвата на сексуално вознемирување од околината додава уште една по нераскинлива алка во синџирот на сексуално вознемирување, како злосторство кое го олеснија и „релативизираа" социјалните мрежи поради природата на нивните платформи, неможноста за целосна контрола и начелата на слободата на изразување, велат од „Бубамара". Девојките во анкетата ги опишале и нивните искуства давајќи описи на она што е направено од страна на машки лица и како го доживеале сексуалното вознемирување. – Би рекла дека сексуалното вознемирување на социјаните мрежи е потешко од тоа што се прави лично физички, затоа што сексуалното вознемирување на социјалните мрежи предизвикува психички проблеми, почнувајќи од пораките што доаѓаат од луѓе од категоријата кои постојано пишуваат и бараат разни работи, што потоа се употребуваат за уцени и закани, а подоцна и за други работи. Би рекла дека коментарите се најчудниот елемент и така натаму!, изјавува една од анкетираните девојки. – Вознемирувачки навреди и коментари, злоупотреба на лични фотографии, непочитување на личниот простор и приватноста, приватни пораки без трошка почит, испраќање интимни фотографии без да се познава тоа лице, бројни пораки со несоодветни зборови, добивала, како што вели друга девојка. – Сексуалното вознемирување се сфаќа како вршење дејства од сексуална природа што го нарушуваат достоинството на една личност во која било форма, создавајќи заканувачка, непријателска, понижувачка, деградирачка или навредлива средина. Сексуално вознемирување е кога едно лице вознемирува друго лице без да оствари физички контакт за да ги задоволи своите сексуални желби. Обично е опишување на тоа што би му правел на моето тело!, подвлекува девојка која била анкетирана во истражувањето. Според друга, пак, сексуалното вознемирување на социјалните мрежи е кога некој се обидува постојано да ве контактира со закани и ја нарушува вашата приватност предизвикувајќи ви проблеми со најблиските. Исто така, подвлекува, ве става под психолошки притисок за да се плашите да излезете во јавност. Девојките кои ги пријавиле ваквите пораки генерално не биле задоволни од резултатот. Од девојките 26,4 проценти сметаат дека ниедна институција или друг ентитет не се покажал ефикасен во решавањето на нивниот проблем, 3,3 проценти се задоволни од ефикасноста на полицијата, додека, пак, 11,1 проценти од нив сметаат дека полицијата реагирала предоцна. Задоволни се 23,08 проценти од резултатот што го постигнале по пријавувањето на социјалните мрежи. Според информациите на тетовската полиција, на некој начин сексуалното вознемирување преку интернет и социјалните мрежи е евидентирано со пријави за лица согласно кривичното дело „злоупотреба на лични податоци", казниво по член 149 од Кривичниот законик, каде што стои дека тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Прецизираат дека пријавителите биле сексуално вознемирувани со различни поводи и цели од поранешни љубовни партнери, кои електронски им се заканиле дека лично и фамилијарно ќе ги дискредитираат. – Значителен број од пријавителите на ваквите злоупотреби, преку креирање лажни профили на различни социјални мрежи, биле вознемирувани на тој начин што сторителите им се заканувале дека ќе објават нивни компромитирачки фотографии или други експлицитни видеоматеријали и ќе им ги испратат на нивните најблиски, доколку не им возвратат љубов или не им платат одредени парични средства, објаснува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Годинава, заклучно со 22 септември во СВР Тетово се евидентирани вкупно 24 кривични дела „злоупотреба на лични податоци", во кои биле инволвирани осум сторители, од кои шест во тетовското и две во гостиварското подрачје. Тие биле заокружени со ист број кривични пријави, а има и 17 писмени известувања до Обвинителството. Од нив седум во тетовскиот, а десет во гостиварскиот регион./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
ФудбалАкадемија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски. Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место. Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот. Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото. Фото: АФТТагови: фудбалери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички заканиТошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година. „Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор. Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани. „Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот. Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“. На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети. Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем. „На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЈапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чајАмбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик. Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај. 3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области. Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата. Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter