Истражување: Омикрон на пластика и на човечка кожа опстанува подолго отколку другите соеви - Канал 5

Истражување: Омикрон на пластика и на човечка кожа опстанува подолго отколку другите соеви

Варијантата омикрон успева да опстане подолго на човечка кожа и на пластични површини во споредба со претходните верзии на коронавирусот, откриле јапонските научници.

Истражување: Омикрон на пластика и на човечка кожа опстанува подолго отколку другите соеви

Токму оваа екстремно висока „стабилност во околината“, односно високата инфективност и екстремната издржливост му овозможиле на омикрон да ја замени делта како доминантна варијанта и да се прошири со таква брзина, заклучиле јапонските научници. На пластичните површини, просечното време на преживување на оригиналниот сој на коронавирус бил 56 часа, на алфа варијантата 191,3 часа, бета варијантата 156,6 часа, гама 59,3 часа и делта 114 часа.

Јапонските истражувачи откриле дека омикронот останува на пластични површини околу 193,5 часа, а резултатите допрва треба да поминат рецензија, се вели на веб-страницата bioRxiv.

На примероците од човечка кожа, просечното време на преживување на коронавирусот било 8,6 часа за оригиналниот вид, 19,6 часа за алфа сојот, 19,1 часа за бета, 11 часа за гама варијантата, 16,8 часа за делта и - 21,1 часа за омикрон. Сите варијанти на коронавирус биле целосно деактивирани од човечката кожа по 15 секунди изложеност на средства за дезинфекција за раце на база на алкохол.

„Затоа“, заклучуваат јапонските научници, „се уште се препорачува како дел од актуелната контрола на инфекциите, да се продолжи со досегашната практика на хигиена на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол и сапун, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација. "

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде:

“Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.

Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“.

Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри.

Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се покажа како успешно во намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Во рамки на досегашните активности, од двете страни на улицата се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри. Подигнати и нивелирани се сите сливници и улични шахти, а поставени се и нови рабници. Паралелно се работи на реконструкција на постојната мрежа за јавно осветлување, додека во наредниот период е предвидено и поставување ново урбано зеленило, делумно во жардињери.

Реконструкцијата на вториот дел на „Ленинова“ го опфаќа потегот од булеварот „Партизански одреди“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.

„Со ова го заокружуваме уредувањето на улицата „Ленинова“ како една од клучните сообраќајници во општината. Општина Центар континуирано вложува во современа, безбедна и функционална инфраструктура, со цел побезбеден и поефикасен сообраќај за сите учесници“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Првиот дел од улицата беше реконструиран во 2023 година, од булеварот „Партизански одреди“ до „Клубот на пратеници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре отворен ден во О. Карпош

Во среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. 

Утре отворен ден во О. Карпош

Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер