ЖивотИстражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на вековДодека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени .Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“. Губењето птичји видови, како што се атлантската рибарка, гугутката и големата дропла, ги доведува во прашање многуте функции што птиците ги извршуваат во природата - од намалувањето штетници до расејување на семето. - Се соочуваме со криза на истребување птици, какво што нема видено во поновата историја. Повеќе од 500 видови - тоа е трипати повеќе од она што исчезнало претходниве 500 години. Тоа е шокантна бројка што не можеме да ја игнорираме, истакна д-р Кери Стјуарт од Универзитетот на Рединг, Англија, главна авторка на научното истражување. Таа додаде дека со анализа на податоци за речиси 10.000 познати видови птици и користејќи проценки од Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН), научниците ги идентификувале главните двигатели на ова исчезнување. Тоа се: Губење на живеалиштата поради ширењето и сѐ поинтензивното земјоделството, климатските промени, ловокрадството и движењето на видовите коишто спаѓаат во грабливци, т.е. ловци. Сепак, хипотетички - дури и ако сите овие причини одеднаш исчезнат, околу 250 видови сепак би исчезнале, бидејќи веќе се на работ на истребување. - Затоа, да нагласам: Пасивната конзервација веќе не е доволна. На многу видови им е потребна активна помош - програми за закрепнување, како што се одгледување во затворен простор, обновување на живеалиштата и повторно пуштање в природа, вели Стјуарт. И проф. Мануела Гонзалез-Суарез, соавторка на трудот, предупредува: - Спречувањето на заканите не е доволно. За дури 250 до 350 видови ќе требаат дополнителни, насочени мерки за заштита ако сакаме да ги спасиме во следниот век. Веќе има примери за успешно закрепнување на загрозените видови, се вели во написот. Калифорнискиот кондор, најголемата птица во Северна Америка, исчезна во дивината во 1987 година - а само 22 единки преживеале зад решетки. Благодарение на внимателните програми за одгледување и пуштање, сега има околу 350 единки во природата. Во Велика Британија, мочуришната чапја голем воден бик (лат.: Botaurus stellaris, којашто ја има и во Македонија), исчезна како птица за размножување во 19. век, кога мочуриштата беа исушени за земјоделски цели. По децениски обновувања на живеалиштата, бројот на мажјаци достигна 280 минатата година - што е највисок последниве 200 години. - Не постои магично решение за кризата со истребувањето. Заштитата на природните подрачја и намалувањето на заканите се клучни чекори, но на некои видови им е потребно многу повеќе - интензивни програми за обновување - вклучувајќи и размножување, преместување на популацијата, или пак, дури и дополнително хранење, вели д-р Стјуарт Бјукарт, водечки научник во Меѓународната организација „Бирдлајф“ (BirdLife International). Податоците од најновиот извештај за состојбата на птиците во светот покажуваат дека речиси 50 отсто од сите видови птици во светот се во опаѓање. Причините остануваат исти - уништување на шумите и природните ресурси, климатските промени, нелегалниот лов и влијанието на грабливците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00